Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонските вина промовирани пред светската јавност на „ProWein 2024“
Македонија

Македонските вина промовирани пред светската јавност на „ProWein 2024“

11/03/2024

AA

Македонските вина се претставуваат на најпознатиот меѓународен саем за вино и жестоки пијалаци „ProWein 2024“, кој од 10 до 12 март, се одржува во Дизелдорф, Германија. На триесеттото издание на „ProWein2024“ учествуваат македонските винарници: „Тиквеш“, „Камник“, „Венец“, „Мовино“, „Имако“, „Попов“, „Милев“, „Стоби“, „Парагон“, „Сопот“ и „Лазар“.

Учеството на овој саем е од исклучително значење за македонските винарници бидејќи посетителите на саемот се вински експерти, сомелиери, вински ентузијасти и лица со одлучувачка моќ во компаниите од кои доаѓаат. Тоа овозможува директен контакт на учесниците со релевантни купувачи од целиот свет.

„Овој настан е важен за сите винарници кои се стремат кон глобално присуство на своите производи, но и место каде што се претставуваат новитетите и последните трендови во индустријата. Присуството на македонските винарници е значајно за позиционирањето на земјата и на поединечните брендови на меѓународно ниво“, истакна Елена Младеновска Јеленковиќ, извршен директор на Здружението „Вина на Македонија“, која ја претстави македонската винска индустрија и на настан во организација на најзначајната асоцијација за одржливо производство во светот – „Sustainable Wine Roundtable“.

Посетителите на „ProWein 2024“ имаат одлична можност да се запознаат со автентичните вкусови и ароми на македонските вина и да уживаат во нивниот квалитет кој го освојува интернационалниот пазар. За време на саемот се организираат ексклузивни дегустации од страна на професионалци кои креираат неповторливи искуства за присутните.

На овој саем, македонските винарници имаат единствена можност пред светот да го покажат своето врвно вино кое е плод на вековната традиција и современите технологии за производство на вина со неспоредлив квалитет и карактер.

Оваа година учеството на саемот се реализира со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кое во целост го покрива заедничкиот штанд на македонските винарници. Дополнително, Винарската визба „Тиквеш“, како најголема винарница од нашата земја, е претставена на посебен штанд, претставувајќи ги своите производи со традиција и докажан квалитет.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy