Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонските работници имаат 16 отсто продуктивност во однос на европските – зошто е тоа така?
Економија

Македонските работници имаат 16 отсто продуктивност во однос на европските – зошто е тоа така?

25/07/2023

AA

Македонските
работодавачи често укажуваа дека работниците имаат ниска
продуктивност.

Евроамбасадорот
Дејвид Гир неодамна кажа дека просечниот приход на Македонија е
само 41,5 отсто од тој на ЕУ, а продуктивноста
на работниците 16 проценти. Ги прашавме
граѓаните што мислат на оваа тема и тие тврдат дека ниските приходи се
проблемот кој ги „кочи“ луѓето максимално да се вложат на своите работни места.
 Дел од нив биле во странство и велат
дека навистина таму работниците се попосветени на работата.

„Знам дека ни е
слаба продуктивноста, но таква ни е државата. Многу работи не функционираат кај
нас. Треба луѓето да се мотивираат со подобри плати“, вели Слободанка П.
граѓанка.

И помладите го
делат истиот став. Според нив, има простор продуктивноста да се подобри.

„Се сложувам со
ставот на амбасадорот. Народот не е задоволен од платите. Таков ни е
менталитетот. Тешко дека нешто ќе се промени, единствено ако работниците сакаат
да работат повеќе. Во странство знам дека луѓето се повредни и попродуктивни“,
додава Маја А. граѓанка.

Дури велат дека
македонските работници во странство повеќе работат, повеќе се трудат за да се
докажат.

„Зависи од
наградата, од тоа колку се платени. Зависи од финансиите. За истата работа во
Швајцарија нашите работници се добро платени. Јас сум вработена во приватна
фирма и кај мене работниците, колегите мораат да бидат ефективни“, рече Емилија
Ц. граѓанка.

Oд Фондацијата за
развој на мали и средни претпријатија Куманово велат дека секогаш има простор
за подобрување.

„Тоа е едно
горливо прашање, секогаш може продуктивноста да биде повисока, да се преземат
мерки, и државата презема мерки, но треба да се направат анализи и да се види
што треба да се направи зависно од амбиентот и економската состојба“, велат од
Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија.

Рубинчо
Аризанкоски, програмски координатор и администратор во здружението Достоинствен
Работник – Прилеп изјави дека нашите работници секогаш биле добри работници. Сепак,
како што вели, нивната продуктивност зависи од тоа како се организирани, кој ги
води и како ги води и, конечно, колку ги плаќаат.  Аризанкоски објаснува дека ако имаат добри
услови за работа, работниците се продуктивни, независно каде работат.  Вели дека проблемот е што кај нас, во принцип,
нештата се изместени.

„Државата и
компаниите ги водат, главно, некомпетентни кадри, а условите за работа најчесто
се многу лоши без соодветна безбедност и заштита. Во последно време многу често
слушаме дека минималната плата треба да се зголемува како што ќе се зголемува
продуктивноста, односно дека платите се зголемуваат институционално и покрај
тоа што продуктивноста не се зголемува. Понатамошното зголемување на платите
над растот на продуктивноста ќе доведе до затворање на многу фирми во земјава.
Има многу прашања кои како општество не сакаме да ги отвориме и јасно да ги
одговориме. Зошто платите во администрацијата се повисоки од приватниот сектор?
Зошто работниците не се мотивирани да бидат продуктивни? Зошто сопствениците не
се заинтересирани за поголем развој на фирмите? Може, да се истакне дека ниту
еден работник нема да биде мотивиран да биде продуктивен со плата од која едвај
преживува, но исто така е факт дека никој нема да има интерес да вложува ако
нема профит и поврат на инвестицијата. Затоа, ниската продуктивност на
домашните фирми, ниското ниво на развој на човечки капитал, неусогласеност
помеѓу вештините и промените во побарувачката на пазарот на труд, слаба државна
администрација, кои се сметаат како главни предизвици за растот на македонската
економија за чиј поголем развој кој бара забрзување на економските реформи во
земјата. Уште еднаш би потенцирал дека имаме висок квалитет и активност во
работењето, но за жал платите се 10 пати помали од тоа што е во Европа.
Работодавачот двојно ќе добие ако повеќе вложува во работникот, а за жал тоа не
се случува во Македонија“, рече Аризанкоски.

Податоците на
Евростат од пред неколку години покажуваат дека најпродуктивни во Европа се работниците од Луксембург и
Норвешка. Висока продуктивност е одлика и на швајцарските
работници. Но,
македонските работници заедно со бугарските се меѓу најмалку продуктивните во
Европа. Организацијата за економска соработка и развој (OECD), пред неколку години оцени дека најпродуктивни
се работниците во Ирска, а по нив следуваат работниците во Луксембург и
Норвешка.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/jcomp

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy