Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонските граѓани плаќаат најскапа струја во регионот: Пониски сметки би донела конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач!
Македонија

Македонските граѓани плаќаат најскапа струја во регионот: Пониски сметки би донела конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач!

10/01/2024

AA

Јавниот повик за нов универзален снабдувач со електрична енергија на регулираниот пазар на кој Владата ги повика заинтересираните компании да достават понуди со пониска маржа од 11,5%, завршува за само два дена, а досега е извесно дека на огласот ќе се јави „ЕВН хоум“, компанијата што и во моментов е универзален снабдувач.

Свое учество најави и „ЕСМ продажба“, компанија што е дел од државното електростопанство, а во трката ќе влезе и компанијата за трговија со струја ЕДС која е фирма ќерка на грчката државна компанија за производство на енергија ППС. Најавата од оваа компанија за пониска и поконкурентна маржа при учеството на јавниот повик за Универзален снабдувач за следните пет години ги вжешти страстите во битката за добивање на тендерот, а атрактивната понуда од страна на ЕДС, на маржа многу пониска од постоечката ќе значи и пониска струја за граѓаните, пишува А1он.мк.

Како на земја во која потврдено домаќинствата плаќаат најскапа струја во регионот, конкуренцијата при изборот на универзален снабдувач и е повеќе од потребна, а некои од компаниите кои ќе се јават на овој повик најавија дека ќе понудат далеку пониски цени од сегашните.

Од земјите во регионот, според податоците на Евростат, најскапа струја плаќаат домаќинствата во Македонија, 100 киловати ги чинат 10,5 евра. По нас се граѓаните на Албанија, кои плаќаат 10,1 евра, додека пак најевтина електрична енергија во Европа имаат косовските домаќинства – 0,6 евра за 100 киловати. Србите и Црногорците плаќаат 0,96, а Босанците 0,87 евра за 100 киловати.

За споредба, пак, развиените земји во ЕУ (со просек на БДП во Унијата што е шест пати повисок од Македонија по жител), плаќаат за енергијата трипати повеќе од земјите во регионот на Западен Балкан.

Според Регулаторната комисија за енергетика, секоја земја има специфични критериуми кои влијаат врз крајната цена на струјата како што се обемот на домашно производство на електрична енергија, увозната зависност, степенот на либерализација на пазарот, инвестициите во енергетската инфраструктура и инвестициите во обновливи извори на енергија.

Прочитајте повеќе на А1он.мк

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy