Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонските граѓани плаќаат најскапа струја во регионот, да се избере Универзален снабдувач кој ќе понуди најниска маржа
Македонија

Македонските граѓани плаќаат најскапа струја во регионот, да се избере Универзален снабдувач кој ќе понуди најниска маржа

05/01/2024

AA

Домаќинствата во Македонија плаќаат најскапа струја од земјите во регионот и покрај субвенциите кои се напишани на секоја испорачана сметка за електична енергија, пишува А1он.мк

Најновите податоци на европската статистичка служба (Евростат) за првата половина од 2023 година покажуваат дека македонските граѓани плаќааат поскап киловат час од граѓаните на Албанија, Црна Гора, Србија и Босна и Косово па така еден киловат-час енергија во Албанија чинел 10,1 евро за 100 киловат- часови, додека пак во Македонија е нешто поскап и изнесува 10,5 евра за 100 киловат-часови.

Податоците покажуваат и дека косовските семејства имаат најевтин енергенс во Европа, по цена од 0,067 евра за киловат-час, додека пак семејствата во Албанија и во Македонија плаќаат повеќе за енергијата што ја трошат во споредба со другите земји во регионот.

По Косово, следуваат Турција (0,084), Босна и Херцеговина (0,087), Србија (0,096) и Црна Гора (0,096).

Токму за да се ублажат високите трошоци за енергија, речиси сите земји размислуваат и дејствуваат за да обезбедат поевтини енергенти и за граѓаните и за стопанството.

Освен што како држава треба да се фокусираме и посветиме на домашно производство на електрична енергија, за што се потребни долгорочни нацинални стратегии, Владата може влијае врз намалување на цената на електричната енергија преку изборот на најповолна понуда за Универзален снабдувач за електрична енергија за наредните пет години.

Најповолна понуда значи избор на компанија која ќе понуди најниска и најпрофитна маржа од сегашната која изнесува 11, 5%.

Пониската маржа понудена од Универзалниот снабдувач на елекртична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи ќе придонесе во иднина македонските домаќинства да плаќаат пониски сметки за електрична енергија. Една од компаниите која најави учество во јавниот повик за Универзален снабдувач, ЕДС , која е една од најсериозните учесници во тендерот, уште на почетокот најави далеку пониска маржа од сегашната.

Јавниот повик за Универзален снабдувач завршува на 12 јануари, а дали ќе плаќаме најскапа струја во регионот или не, зависи од тоа дали Владата ќе ја дискфалификува или ќе ја избере наповолната понуда на јавниот повик.

Извор: А1он.мк

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy