Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ – како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат
Економија

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ – како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

28/03/2024

AA

Годината е
добитна, ама претходната била подобра. Вака накусо може да се опише билансот на
успех кој ко објави „Европа“ вчера преку Македонската берза, а во кој се
презентирани резултатите од работењето за 2023 година.

Близу 600 илјади
евра е позитивниот финансиски резултат односно нето добивката што во минатата
година ја прикажа нашата најстара „чоколадна“ фабрика – „Европа“ Скопје.

Компанијата чија
сопственичка структура ја сочинуваат главно домашни акционери и тоа фирми,
покажа дека таа и лани продолжила да работи успешно, иако, профитот во претходната
2022 година бил подобар, така што минатогодишната нето добивка од 598 илјади
евра всушност претставува намалување од 19 проценти.

Но, ако се
погледне подетално билансот на успех на компанијата, тој говори дека неа и лани
и одело одлично, бидејќи е регистрирано зголемување на оперативните приходи, а
тие се всушност показател за успешноста и стабилноста на кор бизнисот на тоа
акционерско друштво.

А, во „Европа“
лани биле остварени оперативни приходи од одлични 14,7 милиони евра, од кои
речиси сите или 14,6 милиони отпаѓаат на приходи од продажбата, кои се
зголемени за 7 проценти во однос на претходната година.

 За тоа на кои пазари продава „Европа“, е многу
интересно да се согледа дека приходите од домашниот и од странскиот пазар се
речиси изедначени, иако малку предничат оние од извоз.

Или, на име
приходи од продажба на домашен пазар компанијата наплатила 7,17 милиони евра, и
она што е многу позитивно е дека кај оваа приходна ставка има зголемување од
дури 18 проценти. Значи, нашите граѓани повеќе сакале да се сладат со домашните
чоколадни вкусови во однос на една година претходно.

Странците, пак, и
натаму се поголеми купувачи на чоколадните производи и вафли на „Европа“, и тие
за нив лани платиле 7,43 милиони евра, иако, за волја на вистината, сосема
малку затаиле, бидејќи кај приходите од продажба на странскиот пазар има
намалување за 3 проценти.

На расходната
страна, оперативните расходи се нецели 14 милиони евра, и кај нив има
зголемување за 5 проценти.

Најголемиот дел
од трошоците ги сочинуваат трошоците за суровини и други материјали, кои се на
износ од 7,6 милиони евра, и тие во однос на една година претходно се намалени
за 4 проценти.

За своите
вработени, пак, од „Европа“ лани издвоиле на име на плати и придонеси сума од
3,6 милиони евра, и кај нив има пораст од 9 отсто, што значи дека или за толку
пораснале платите на постојните вработени, или, пак, се реализирале и нови
вработувања.

Сето ова довело
до тоа компанијата да ја затвори ланската година со оперативна добивка од 638
илјади евра, што е намалување за 22 отсто во однос на една година претходно.

Кај финансиските
приходи кои тежеле 90 илјади евра има пораст за 15 отсто, додека, пак, кај
финансиските расходи од 38 илјади евра, има значајно намалување за 34 проценти.

И, нето добивката
на „Европа“ во ланската година изнесувала 598 илјади евра, што е намалување за
19 отсто во однос на една година претходно.

Н.Н.Ф. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy