Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонскиот виртуоз го освои Лондон – Влатко Стефановски сними албум во Abbey Road Studios во Лондон
Магазин

Македонскиот виртуоз го освои Лондон – Влатко Стефановски сними албум во Abbey Road Studios во Лондон

22/10/2024

AA


Влатко Стефановски, виртуозот на гитарата, годината во која одбележува 50 години од својата импресивна кариера ќе ја памети и по својата лондонска авантура. Распродадениот клуб Dingwalls 2 во лондонскиот кварт Камден и снимањето во легендарното студио Abbey Road го сумираат неговиот петдневен престој со тимот на Кроација рекордс.

Како што соопштија од Кроација рекордс Македонија, новиот проект кој беше успешно реализиран опфати снимање во Abbey Road Studio Three во кое Влатко Стефановски со Јан Стефановски на тапани и Тихомор Хојсак на контрабас снимија дури дваесет и две песни меѓу кои и Where My Guitar Gently Weeps, на Битлси, една од најголемите групи на сите времиња. Песната е избрана токму како посвета на просторот и дел од историјата што го одбележа четворката од Ливерпул.

-Нашето лондонско искуство полека се заокружува. Имавме пет магични денови. Во култното студио Abbey Road, ги посетивме сите ходници, ги видовме сите инструменти и, да кажам, светите места каде што работеа Битлси. Во Abbey Road Studio Three пеев на микрофонот на кој еднаш пееше Ејми Вајнхаус, тоа е голема мотивација да снимиме на вакво место, па го прославивме трудот и енергијата што ги оставивме во студиото во кантина каде што седеа Битлси и многу други музичари, рече Влатко Стефановски, сè уште под импресии од минати настани.

Според него, тоа е огромна мотивација да се снима на вакво место, а исто така е и ретко искуство.

-Успеавме да снимиме дваесет и две песни за два дена, Јан на тапани, Хојсак на контрабас и јас на гитара. Тон мајстор беше Горан Мартинац. На крајот сè заврши еуфорично, па го прославивме трудот и енергијата што ги оставивме во студиото во кантина каде што седеа Битлси и многу други музичари, дополни Влатко Стефановски.

Распродадениот клуб Dingwalls 2 беше дополнителен мотив за ова трио да го даде својот максимум на концертот, а публиката на најдобар можен начин им возврати. Задоволството од музиката беше обострано.

– Концертот беше незаборавен. Публиката пееше во еден глас со нас. Беше извонредно и магично. Дома се враќаме уморни, но крајно задоволни и благодарни на тимот на Кроација рекордс што ни го овозможи ова музичко патување, додаде Стефановски.

Ексклузивноста на еден ваков специјален проект да биде комплетен се погрижи видео тимот на Кроација рекордс кој го документираше снимањето на албумот и концертната атмосфера.

Влатко Стефановски е светски познат гитарист кој засекогаш ја одбележа музиката на овие простори, најпрвин како водач на феноменалната група Леб и сол, а потоа преку неговите соло проекти и соработките со многу други големи музичари. Вистински македонски музички амбасадор. Легенда!

Последниве години најчесто настапува со синот Јан на тапани и со Иван Кукиќ на бас, под името Влатко Стефановски Трио. Со преку 15-ина самостојни албуми и бројни филмски и театарски проекти, Влатко ја покажа својата неверојатна способност да обединува различни музички жанрови и уметнички изрази.

Автор е на музика за три современи балети и 17 играни филмови. Од особена важност е неговата соработка со Лондонскиот симфониски оркестар, а оваа најнова лондонска авантура секако ќе има посебно место во неговите мемоари, стои во соопштението. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ИНСПЕКЦИЈАТА НЕ УТВРДИЛА ПРОПУСТИ ЗА БИЛЈАНА Инспекцијата не најде пропусти

09/11/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО НЕ ОТВОРА ПРЕДМЕТИ НА БАРАЊА НА ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ Закани

09/11/2026
Македонија

ВОЗЕЛ ИАКО ИМАЛ ЗАБРАНА, А СЕ ДВИЖЕЛ И ВО СПРОТИВНА

09/11/2026
Македонија

МАЈКА СЕ ОБИДЕЛА ДА МУ ВНЕСЕ МАРИХУАНА НА СИНОТ ВО

09/11/2026
Македонија

СУДОТ ВО КОЧАНИ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО НА ИВА МИХАИЛОВА Ќе

09/11/2026
Македонија

УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ШТИП ИМ ГИ СТАВИ ВО МИРУВАЊЕ РАБОТНИТЕ МЕСТА

09/11/2026
Македонија

КРИВА ПАЛАНКА БАРА ПОМОШ ОД ВЛАДАТА ДА ЗАПРЕ ТЕРОРОТ ОД

09/11/2026
Македонија

СТРПЕТЕ СЕ ДО ПОЛНОЌ, ГОРИВАТА ЗНАЧИТЕЛНО ЌЕ ПОЕВТИНАТ Дизелот ќе

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46674
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИНСПЕКЦИЈАТА НЕ УТВРДИЛА ПРОПУСТИ ЗА БИЛЈАНА Инспекцијата не најде пропусти во Центарот за социјална работа

09/11/2026

Центарот за социјална работа во Гевгелија постапувал во рамките на законските надлежности и побарал заштитни мерки за 17-годишната девојка, но

ОБВИНИТЕЛСТВОТО НЕ ОТВОРА ПРЕДМЕТИ НА БАРАЊА НА ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ Закани од СДСМ за обвинителот Савески

09/11/2026

Јавното обвинителство оформува предмети врз основа на докази, не врз основа на барања од политички партии, е ставот на Обвинителството

ВОЗЕЛ ИАКО ИМАЛ ЗАБРАНА, А СЕ ДВИЖЕЛ И ВО СПРОТИВНА НАСОКА Штипјанец меѓу осумтемина приведени

09/11/2026

Штипјанец на возраст од 40 години, кој имал активна забрана за управување со возило, бил фатен како вози, и тоа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy