
Македонскиот гениј Македон освои злато на Германската математичка олимпијада
Младиот македонски талент, познат како чудо од дете, уште еднаш ја воодушеви јавноста со својот извонреден успех на меѓународната сцена. Тој освои златен медал на Германската математичка олимпијада, натпревар на кој учествуваат најдобрите млади математичари од повеќе земји.
Со овој врвен резултат, младиот Македон се искачи на највисокото победничко скалило и се квалификуваше за супер финалето, кое ќе се одржи во мај во Франкфурт.
Успехот претставува големо признание за неговиот исклучителен талент, посветеност и љубов кон математиката, но и значајна промоција на Македонија на светската образовна мапа. Постигнатиот резултат е доказ дека и од нашата земја доаѓаат млади умови кои рамноправно се натпреваруваат со светската елита.
Овој успех влева надеж и инспирација за многу млади ученици, покажувајќи дека со труд, знаење и упорност, границите не постојат.
