Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонскиот атлетичар Трајковски го освои осмото место на Европското првенство
Македонија

Македонскиот атлетичар Трајковски го освои осмото место на Европското првенство

07/03/2025

AA

Андреас Трајковски го освои осмото место во скок во далечина на Европското првенство во атлетика во сала, што се одржува во Апелдорн, Холандија. Со ова, тој испиша историја, станувајќи првиот од Македонија кој се пласирал во финале на едно вакво големо натпреварување.

Во вчерашните квалификации, Трајковски блесна со скок од 7,85 метри, што му обезбеди место меѓу најдобрите. Денеска, неговиот најдобар обид беше 7,65 метри, што на крајот му донесе осма позиција во силната конкуренција.

Тој отвори со 7,59 метри во првата серија, потоа направи престап во втората, а во третата серија постигна 7,65 метри. Во четвртата серија неговиот скок беше за два сантиметри покус од претходниот, додека во последните две серии направи престап.

И покрај тоа што не успеа да се доближи до својот резултат од квалификациите, самиот влез во финалето претставува огромен успех за македонската атлетика.

Изненадувачки, златниот медал го освои Божидар Сарабојуков со скок од 8,13 метри во последната серија, за еден сантиметар подобар резултат од Италијанецот Фурлани и Шпанецот Лескај.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

44 акциски контроли за санкционирање на незаконит риболов во јуни

04/08/2026
Македонија

Водата во Гостивар сѐ уште е само за техничка употреба:

04/08/2026
Македонија

Велес се прости од д-р Никола Стојановски: Со државни почести

04/08/2026
Македонија

Доенчиња помлади од шест месеци не треба да се мачкаат

04/08/2026
Македонија

456 онколошки пациенти добиваат парична помош во следните два дена

04/08/2026
Македонија

Породилни пакети со попуст и целосна грижа за мајката и бебето во

04/08/2026
Македонија

Пожарот кај Кавадарци е под контрола: Се очекува целосно гаснење,

04/08/2026
Македонија

НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ПРЕГЛЕДИ ВО ГОСТИВАР: Регистриран уште еден сомнителен

04/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44850
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

44 акциски контроли за санкционирање на незаконит риболов во јуни и јули – приведени две

04/08/2026

Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ Охрид, во текот на јуни и јули оваа година, во водите на Охридското

Водата во Гостивар сѐ уште е само за техничка употреба: Се врши хиперхлорирање

04/08/2026

Водата во Гостивар и понатаму не е безбедна за пиење и за подготовка на храна, туку смее да се користи

Велес се прости од д-р Никола Стојановски: Со државни почести испратен последниот партизан и прв

04/08/2026

Денес во Велес, со високи државни почести, до неговото вечно почивалиште беше испратен д-р Никола Стојановски — првиот претседавач на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy