Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонски Телеком доби награда за корпоративна филантропија
Македонија

Македонски Телеком доби награда за корпоративна филантропија

15/09/2023

AA

Македонски Телеком доби награда за својата посветеност во сферата на општествената одговорност за иницијативата „Заедно за интернет без омраза“. Наградената иницијатива е дел од партнерството помеѓу УНИЦЕФ и Фондацијата „Телеком за Македонија“ чијашто цел е да ги вклучи децата и младите во справувањето со еден од најголемите предизвици со кои се соочува нивната генерација – говорот на омраза на интернет. Престижната награда ја доделија Американската стопанска комора во Северна Македонија (AmCham) и Конект во рамките на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“.

„Горди сме на ова признание коешто ја потврдува нашата посветеност на еднакво и етичко дигитално општество. Како овозможувачи на дигиталниот свет, ние имаме обврска да бидеме дел од борбата против омразата на интернет, но и да ги поттикнеме и вклучиме младите, да им дадеме глас. Тоа е нашата стратегија и причината поради која ја почнавме оваа иницијатива заедно со нашите партнери УНИЦЕФ. Верувам дека допревме и инспиравме многу млади луѓе.“ – изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Македонски Телеком.

Иницијативата има иновативен пристап со тоа што им дава глас на децата и младите самите тие да бидат креатори на промената. Триесет млади учествуваа на работилници и, заедно со професионалци од различни области, креираа кампања којашто вклучува над дваесет видеа за социјалните медиуми под слоганот „Збогум на булингот“.

„Заедно за интернет без омраза“ ја носи и ознаката #GoodMagenta, којашто ја доделува Дојче Телеком за проекти, мерки и иницијативи со позитивен придонес кон социјалните и општествените предизвици во дигиталниот свет. Мисијата за побезбеден интернет простор е дел од агендата ESG на Македонски Телеком со која тој се стреми кон премостување на дигиталниот јаз и обезбедување инклузивно дигитално општество и одржливи практики за заштита на животната средина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вчера во Скопје имало ураган со брзина од 134 километри

22/07/2026
Македонија

Над 30 повредени граѓани, оштетени неколку болници низ земјава

22/07/2026
Македонија

Гостиварската болница обезбеди цистерни и флаширана вода по загадувањето на

22/07/2026
Македонија

Биланс од невремето: Во Ургентен примени 11 пациенти, тројца тешко

22/07/2026
Македонија

ВИДЕО Моментот пред катастрофата: Камерите го снимија движењето на невремето

22/07/2026
Македонија

Ангелов: Еколошките здруженија да олабават кога треба да се сече

22/07/2026
Македонија

ВИДЕО Откриен споменик на Махатма Ганди во Скопје: Симбол на

22/07/2026
Македонија

МФ: По комисиската расправа Владата го усвои дополнетиот Ребаланс –

22/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44556
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Вчера во Скопје имало ураган со брзина од 134 километри на час, потврди УХМР

22/07/2026

Вчерашното катастрофално невреме што предизвика сериозни пустошења низ државата било придружено со екстремно ретки и разорни оркански ветрови, кои достигнале

Над 30 повредени граѓани, оштетени неколку болници низ земјава

22/07/2026

Силното невреме што ја зафати земјава донесе зголемен притисок врз здравствените установи. Повеќе од триесет граѓани побарале итна медицинска помош

Гостиварската болница обезбеди цистерни и флаширана вода по загадувањето на градскиот водовод

22/07/2026

Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар воведе вонредни мерки за да обезбеди непречено функционирање и соодветна грижа за пациентите,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy