
Македонски олимпиец џепарлакот го заработува како – спикер на Ц. Звезда (ВИДЕО)
Станува збор за атлетичарот Јован Стојоски, кој на последниот глобален светски собир во Јапонија пред две години настапи во трката на 400 метри без да ја мине квалификациската група, а кој сега џепарлакот го заработува како спикер на евролигашките средби на црвено-белите. Тој дебитираше на средбата против Асвел пред речиси еден месец, кога дури имаше можност да се сретне со најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ.
„Немам трема пред настапот пред 20.000 гледачи во ‘Штарк арена’, па јас имам настапувано на олимписки игри. За мене ова е лесна задача. На крајот се добро мина и добро се покажав“, беше коментарот на српскиот атлетичар кој настапува за Македонија пред и по средбата со францускиот тим.
Стојоски во моментов е сопственик на два државни рекорда и тоа во трките на 100 метри и во штафетата 4Х100 метри. Член е на АКК Охрид.
