Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонски аикидоки на Комбат гејмс 2023 во Ријад, Саудиска Арабија
Македонија

Македонски аикидоки на Комбат гејмс 2023 во Ријад, Саудиска Арабија

21/10/2023

AA

Третите по ред Светски борбени игри годинава се одржуваат во Ријад, Саудиска Арабија. На нив ќе учествуваат и двајца Македонци.

-Во делот за презентација на боречката вештина Аикидо на овие Игри, што е под координација на Меѓународната аикидо федерација (IAF), учесници ќе има и од Македонија, што е воедно и прва официјална активност на македонски аикидоки на Меѓународната сцена по нашето зачленување во Меѓународната аикидо федерација во 2020 година, информира аикидо мајсторот Дамјан Цингарски од Македонската аикидо федерација – Аикикаи Македонија (www.aikido.mk).

Со Цигарски во Ријад ќе биде и аикидо мајсторот Трајко Манасиев од Националниот аикидо сојуз на Република Северна Македонија,. Двацата повеќе од 20 години се занимаваат со аикидо и работат на неговиот развој и промоција во земјава и во странство.

Аикидо вештината нема натпреварувачки карактер па затоа и двајцата македонски мајстори ќе учествуваат во демонстративниот дел за претставување на аикидо вештината, заедно со учесници од целиот свет.

Светските борбени игри (World Combat Games) се меѓународен настан со повеќе борбени спортови и боречки вештини. Игрите беа основани од SportAccord (сега позната како Глобална асоцијација на меѓународни спортски федерации – GAISF) како начин да се прикажат различните боречки вештини и борбени спортови на меѓународната публика. Светските борбени игри се исто така придружени со културна програма која ги рефлектира древните традиции и вредности на боречките вештини, како и нивниот придонес во современото општество. Игрите се признати од Меѓународниот олимписки комитет.

Првите светски борбени игри се одржаа во 2010 година во Пекинг, со натпревари за бокс, џудо, џу-џицу, карате, кендо, кик-бокс, саншоу, муај тај, самбо, сумо, таеквондо, борење, вушу и демонстрација на аикидо. Учествуваа над 1000 спортисти од сите пет континенти. Приближно исто толку волонтери помогнаа да се одржи настанот. Во текот на осумте натпреварувачки дена беа доделени 118 златни медали.

Вторите светски борбени игри се одржаа во Санкт Петербург. На овие Игри дебитираа спортовите савате и меч.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy