Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонската Банкарска Асоцијација: Tрошоците за онлајн (e-commerce) трансакциите во нашата земја се едни од најниските во светски рамки
Економија

Македонската Банкарска Асоцијација: Tрошоците за онлајн (e-commerce) трансакциите во нашата земја се едни од најниските во светски рамки

07/09/2023

AA

Македонската Банкарска Асоцијација, изразува најoстра реакција на непрофесионално изнесени наводи и наслов кај одредени медиуми во врска со висината и начинот на пресметување на надоместоци за прифаќање на банкарски картички.

„Жалиме што сме принудени да констатираме дека извлечените наводи и заклучоци се направени целосно непрофесионално од новинарски аспект и без никаква компаративна анализа (споредба со други држави, како и анализа на регулативата за соодветната област). Имено, онлајн (e-commerce) трговијата во нашата држава се извршува доминантно (повеќе од 95%) преку меѓународните платежни компании Visa/MasterCard, при што висината на надоместоците зависи од повеќе параметри, како што се трошоците што банките ги имаат кон овие меѓународни компании, кон процесинг центрите што се користат, инвестициите во инфраструктура и безбедност на плаќањата, заменските надоместоци и слично. Но, најважно од се е тоа што компаративно, трошоците за онлајн (e-commerce) трансакциите во нашата земја се едни од најниските во светски рамки, имајќи во предвид дека просечните трошоци во одредени региони во светот се повисоки, што лесно се проверува со едноставно пребарување на интернет. Освен различните надоместоци по дејности и типови на картички дефинирани од страна на давателите на лиценците(Visa/MasterCard) и релевантната регулатива, неопходно е да се истакне дека секоја дејност и секој трговец има специфичен микс на трансакции што води кон соодветно тарифирање, адекватно на трошоците за извршување на овие трансакции (идентично како и во секоја друга дејност во која пазарно се одредуваат цените на производите/услугите)“, велат од МБА. 

Велат дека имајќи предвид дека се работи за финансиска област (во светот позната уште како платежна индустрија), која бара одредено ниво на стручни познавања, потсетуваат дека стручните лица и служби во банкарскиот сектор се секогаш достапни на новинарите за појаснувања околу конкретната материја со цел новинарските анализи да бидат објективни и професионални.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОДАВАЛЕ МРАЗ СО БАКТЕРИИ НАПРАВЕН ОД КРАДЕНА ВОДА Двајца од

26/09/2026
Македонија

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026
Македонија

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ

25/09/2026
Македонија

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ

25/09/2026
Македонија

🎥 (ВО ЖИВО) МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО

25/09/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА ГОЛЕМИОТ ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ Меѓу 19-те

25/09/2026
Македонија

САШО МИЈАЛКОВ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО БАРУТАНА Демантирани тврдењата на

25/09/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45811
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОДАВАЛЕ МРАЗ СО БАКТЕРИИ НАПРАВЕН ОД КРАДЕНА ВОДА Двајца од Радовиш со години го работеле

26/09/2026

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца радовишани, кои неовластено и во нехигиенски услови произведувале мраз во кој е утврдено присуство

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026

Во Косово денеска е уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ Петрушевски за говорот на Мицкоски

25/09/2026

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Алфа во емисијата „Колегиум”, го коментираше обраќањето на претседателот на Владата,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy