Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонската амбасадорка во Софија повикана на разговор во бугарското МНР поради случајот со Кадриески
Македонија

Македонската амбасадорка во Софија повикана на разговор во бугарското МНР поради случајот со Кадриески

15/06/2023

AA

Македонската амбасадорка во Софија Агнеза Руси – Попоска денеска е повикана во бугарското Министерство за надворешни работи на средба со генералната директорка за европски прашања Славена Гергова.

Како што соопшти бугарското МНР, на средбата Гергова „изразила загриженост во врска со нападот“ врз Бекир Кадриески, копретседател на Здружението на Бугарите „Шемето“ во Струга.

Гергова ја истакнала и потребата „надлежните властите во Северна Македонија да преземат брза акција за ефикасна истрага и спроведување на правдата“.

– На средбата беше посочено дека Бугарија очекува конкретни резултати во однос на другите инциденти со Бугарите и нивните здруженија во Северна Македонија, се додава во соопштението на бугарското МНР.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска на прес-конференција на „Преспа форумот за дијалог“ во Струга побара да не се избрзува со квалификации во јавноста во врска со прашањето за мотивите околу случајот со Бекир Кадриески и да се дозволи институциите на системот да го расчистат целиот настан.

– Етничката омраза, ќе ја уништиме во зародиш исто како и нетолеранција, говорот на омраза. Но, да не брзаме со квалификации и да го исполитизираме ова, бидејќи така праќаме лоша порака, на секој инцидент утре да се повикува на етничка омраза и да се добие одредена заштита и тука мора да сме внимателни, рече Османи во одговорот на новинарско прашање.

Тој нагласи дека Северна Македонија е држава – модел за меѓуетничка толеранција и истакна дека нема се дозволи кој било да го урива тој процес.

– Во овој случај побаравме од бугарското општество и медиуми да не избрзуваат со квалификации. Првин, да видиме што точно се случило. МНР е прва точка на контакт, вчера контактирав и со МВР, со Влада. Ние не смееме да доцниме ниту еден час во расчистување на овој случај и мислам дека така постапија институциите, рече Османи.

Според него, има две верзии за настанот, едната на напаѓачот, другата на нападнатиот и тоа треба да го расчисти Обвинителството. Доколку има елементи, според Османи, ќе се реагира, бидејќи како што потенцира „тоа е прашање што нема да дозволиме да стане тренд во државата“.

Во меѓувреме Кадриески, кој е копретседател на бугарското здружение „Шемето“ за БНТ изјавил дека сака да го продолжи лекувањето во Бугарија. Според неговата изјава лекарите во струшката болница не му даваат соодветен третман. Тој ќе биде пренесен на Воено-медицинската академија (ВМА) во Бугарија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy