
Македонска гордост: Игор Стефановски Иџе со историски резултат – освоено четврто место на трка во Швајцарија
На трката во Швајцарија, нашиот натпреварувач Игор Стефановски Иџе освои високо четврто место во генерален пласман, и тоа во конкуренција на врвни европски возачи со поддршка од професионални тимови.
„Немаме подиум но за мене најголемата победа е ова чувство – да имам ваква поддршка од моите Македонци,“ напиша Стефановски на мрежата Икс.
Овој резултат е силна потврда дека македонските возачи, и покрај скромните услови и недостигот од институционална поддршка, можат да бидат конкурентни на европската сцена.