Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонија2025 собра 1,3 милиони долари милиони на гала вечера во Чикаго – македонската дијаспора со поддршка за развој на лидерство, едукација и македонските бизниси
Економија

Македонија2025 собра 1,3 милиони долари милиони на гала вечера во Чикаго – македонската дијаспора со поддршка за развој на лидерство, едукација и македонските бизниси

26/09/2023

AA

Над 400 гости, македонци од
дијаспората, пријатели и поддржувачи на развојот на македонската демократија од
Соединетите Американски Држави (САД) и Канада беа дел од гала вечерата што се
одржа во Чикаго под мотото „Патот до просперитетот“.  Гала вечерата во организација на
Македонија2025 имаше донаторски карактер, а беа собрани 1,3 милиони долари кои
ќе се насочат во зајакнување и проширување на постојните програми на
организацијата кои се наменетиза зајакнување на капацитетите на бизнис-заедницата,
развој на лидерството и образованието.

Пред многубројните гости и поддржувачи се обрати претседателот на Одборот
на директори на Македонија2025, Мајкл Чкламовски кој во својот поздравен говор
се осврна на почетоците на организацијата и визијата и целите, поставени од
идејниот основач Џон Битов сениор кој по покана на поранешниот претседател
Борис Трајковски, обединил неколку лица од дијаспората за да го помогнат
развојот на Македонија со своето знаење и контакти.НикицаМојсоска-Блажевски,
извршен директор на Македонија2025 меѓу другото се осврна и на досегашните
реализирани активности и постигнатите резултати во областа на поддршка на
развој на лидерство и на млади таленти и во програмите за помош и развој на
македонските бизниси.

Во моментов, Македонија2025 имплементира над 10 програми за поддршка на
овие сектори, од кои за најголемата едукативна програма обезбедена преку
фондацијата Атанас Близнакоф за студенти годишно се издвојуваат над 300 илјади
САД долари.

Извршната директорка на Македонија2025, Никица Мојсоска-Блажевски го
истакна значењето на поддршката што ја дава македонската дијаспората и
поддржувачите од САД и Канада за јакнење на капацитетите на земјата и нејзиниот
човечки потенцијал. Покрај другото, таа се осврна на предизвиците со кои се
соочува македонското општество и на бавниот економски и демократски развој и
потенцираше: „Потенцијалот за просперитетна иднина е реален, но бара итно и
фокусирано внимание, бара обединување. Ве повикуваме сите тука присутни
заеднички да го создадеме и реализираме македонскиот сон односно
развиена,демократскаи просперитетна Македонија, добра за нас, за Балканот и за светот“,истакна
Мојсоска-Блажевски. Таа нагласи дека средствата собрани од овој настан ќе бидат
исклучиво наменети за поддршка на програмите на Македонија2025, придонесувајќи
за развојот на Македонија преку тековните, но и нови стратешки цели кои се
поделени во неколку области:забрзување на обуката за лидерство,проширување на
можностите за млади таленти, зајакнување на растот на бизнисот,вклучување на
искусни експерти, забрзување на дигитализацијата во Македонија ипоголемо
поврзување со дијаспората и со дигиталните номади.

Претседателот Стево Пендаровски, кој е и долгогодишен партнер и поддржувач
на активностите на Македонија2025, беше главен гостин на Гала вечерата. Тој во
рамките на своето обраќање го подвлече значењето на соработката и јакнењето на
врските со дијаспората.

Под покровителство на претседателот Пендаровски, а во соработка со
Македонија2025 се реализира Охрид-кампот за високо-технолошка извонредност, како
и образовни активности и други настани прекуПретседателскиот центар за
политичко образованиеи други настани.

На Гала вечерата во Чикаго претседателот Пендаровски додели три награди:
двеПризнанија за придонес на припадниците од дијаспората кои им беа врачени на двајца
истакнати македонци од дијаспората – Стенли (Наце) Томас од Канада и Влатко
Андоновски од САД, а највисокото државно признание, орденот „8ми септември“му беше
доделено на Дејвид Калхун, главен извршен директор на Боинг, за неговиот
придонес за развивање на македонско-американските односи.

Дејвид Калхунсе заблагодари за наградата и најави дека и понатаму ќе се
заложува за интересите на Македонија, преку соработка со Македонија2025. Тој во
интервју, кое на Гала Вечерата го водеше Мајк Зафировски,говореше за важноста
на добрите лидери, за приоритетите при водење на компании, но и држави и
важноста на невладините организации за поддршка на општествено-економскиот
развој.

Присутните ги поздрави и Невенка Димитрова, член на Одборот на директори на
Македонија2025, се заблагодари за присуството и поддршката и ја истакна
важноста на организацијата во создавање просперитетна иднина во Македонија.

Гала вечерта во Чикаго беше во духот на македонската култура, традиција и
кујна. Пред гостите настапија реномирани македонскиуметници кои имаат изградена
меѓународна кариера. Познатиот македонски пијанист Дуке Бојаџиев,
безвременскиот глас на Крсте Роџевски и волшебната кларинетска уметност на
Исмаил Лумановски создадоа музичко ремек-дело и неверојатна атмосфера во која
уживаа сите гости, со силни емоции. Гостите, исто така, уживаа во мелодиите на
македонската музика, со традиционални ора ширејќи го нашето културно
наследство. Македонската химна беше отпеана од нашата позната пејачка
Александра Пилева Чадиева, која живее во САД. Ова е втора настанна
Македонија2025 за собирање на средства, по оној во 2015 година, кој се одржа во
Охајо, САД.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖДОВИТЕ ЌЕ ПРЕСТАНАТ, НЀ ЧЕКААТ ПОТОПЛИ ДЕНОВИ До среда температури

20/02/2026
Македонија

Давкова: Доста ни се „пост-фестум“ извинувања, на Македонија ѝ треба

20/02/2026
Македонија

Спречен вооружен напад во Тетово?! Блокиран патот кај кружниот тек

20/02/2026
Македонија

ЧАНТАТА НА СОПРУГАТА НА ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ НЕ Е ХЕРМЕС И

20/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА НЕПРАВЕДНО Е БЛОКИРАНА НА ЕВРОИНТЕГРАТИВНИОТ ПАТ Сиљановска‑Давкова на меѓународната

20/02/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека

20/02/2026
Македонија

ПРВА ЕКСТРАДИЦИЈА ОД ОАЕ Флорим Лимани пристигна од Дубаи, ќе

20/02/2026
Македонија

Храброста на баба Росанка од Челопек: „Ме гушеше за да

20/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41733
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖДОВИТЕ ЌЕ ПРЕСТАНАТ, НЀ ЧЕКААТ ПОТОПЛИ ДЕНОВИ До среда температури до 20 стапени

20/02/2026

Времето утре (сабота) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, без врнежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од

Давкова: Доста ни се „пост-фестум“ извинувања, на Македонија ѝ треба деблокада сега!

20/02/2026

На отворањето на Меѓународната конференција на Паневропската унија во Скопје, претседателката порача дека ЕУ е нецелосна и ранлива без Западен

Спречен вооружен напад во Тетово?! Блокиран патот кај кружниот тек „Мема“

20/02/2026

Вооружен напад е спречен денеска во Тетово, по брзата интервенција на тетовската полиција. Полициските сили веднаш интервенирале на терен и

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy