Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонија2025 доделува три стипендии за кариерно усовршување на извршни директори и менаџери во САД
Економија

Македонија2025 доделува три стипендии за кариерно усовршување на извршни директори и менаџери во САД

28/02/2023

AA

Меѓународната невладина организација
Македонија2025 го објави повикот за аплицирање на престижната Програма за
извршни директори – Зафировски, преку која се доделуваат 3 стипендии за светски
познатата Келог-школа за менаџмент (
Kellogg School of
Management
) во САД. Кандидатите ќе имаат можност да аплицираат на Програма
за развој на извршни директори. Оваа програма се фокусира на подобро разбирање
на окружувањето во кое се одвива бизнисот, клучните функционални области на
управување, развој и спроведувањето на корпоративната и деловната стратегија. Програмите
за обука на извршните директори се дизајнирани во чекор со постојаните
предизвици и комплексноста на современото лидерство. Тие ќе ги обноват и надоградат
веќе стекнатите вештини на македонските бизнис професионалци и ќе придонесат
кон понатамошниот развој на македонските компании, а со тоа и на целокупната
економија.

Уште од 2017 година, фондацијата Робин и Мајк Зафировски ја
поддржува програмата за извршни директори – Зафировски. Македонија2025 искрено
ја цени нивната посветеност и придонес кон развивање и раст на идните 100
бизнис лидери во земјата. Поддржувајќи го растот на бизнис лидерите, се
надеваме дека тие ќе станат прогресивни членови на македонското општество и ќе
придонесат за градење посилна нација. Во една прилика патронот на програмата
Мајк Зафировски изјави: „За мене лидерството базирано на вредности е мошне
важно, а токму програмата на Келог го поттикнува тоа. За жал, денес во сите
општества довербата кон лидерите во бизнисот, во политиката, во образованието,
е на мошне ниско ниво. Јас верувам во мислата, во советот на мојот драг
пријател Хари Кремер кој вели: Потрудете се да бидете најдобрата верзија на
себе и ќе видите дека ќе почнете да растете, а со вас и луѓето околу вас,
вашата компанија, ќе станете алка за поврзување и прогрес.„

Повикот е отворен до 10 март 2023 година. Повеќе информации
за критериумите, начинот на аплицирање и селекција можете да најдете во
отворениот повик на официјалната веб-страница на Македонија2025, достапен  ТУКА.

За сите дополнителни прашања контактирајте нè на nena@macedonia2025.com.

ПР-објава

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45056
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026

Нов голем успех за македонското планинарство, Горан Митков, член на СПД „Пробиштип“, успешно се искачи на врвот Казбег во Грузија,

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026

Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy