
Македонија во портокалова фаза: Очекувајте до 25 cm нов снег!
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде итно предупредување за денес (21.01.2026), најавувајќи нов бран на пообилни снежни врнежи кои ќе ја зафатат земјава.
„Ќе има пообилни врнежи од снег во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми од 15 до 25 cm, а на пониските да се формира снежна покривка од 3 до 10 cm“, велат од таму.
Поради најавените наноси, се советува крајна претпазливост при движење, особено на повисоките превои каде се очекува значително зголемување на снежниот слој.
