Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонија тагува – „ова не е приказна за кликови, ова е човечка болка!“
Македонија

Македонија тагува – „ова не е приказна за кликови, ова е човечка болка!“

20/03/2025

AA

Денес е најмрачниот, најцрниот, најболниот ден во историјата на Македонија. Денес се погребуваат 59-те млади лица кои загинаа во големата трагедија во пожарот во дискотеката „Пулс“.

На социјалните мрежи токму денес кружи апел во кој се повикува денешниот ден да не се прави како настан за гледаност.

„ОВА НЕ Е ПРИКАЗНА ЗА КЛИКОВИ, ОВА Е ЧОВЕЧКА БОЛКА“, велат тие.

„Како да напишеме, како да објасниме, како да ве замолиме? Дали и по оваа трагедија повторно треба да клекнеме на колена? Веќе сме клекнати… од болка, од тага, од немоќ. Почитувани новинари, медиуми, Не правете настан за гледаност од ова. Веќе кружат видеа од пред куќите на починатите, од нивните пријатели што со солзи ги подготвуваат за последното збогум. Ова не е приказна за кликови, ова е човечка болка. Почитувани граѓани, на ова тажно парче земја ве молиме, не ги споделувајте нивните видеа. Покажете револт, игнорирајте ги текстовите што ја претвораат трагедијата во сензација. Така ќе покажеме почит кон загинатите, кон нивните семејства, кон нашиот град. Молете се. Нека ни даде Господ сила на сите.

Ова е ден на болка, ден на тишина, ден кога срцата се скршени, а солзите не престануваат да течат.

Кочани остана без дел од својата младост, без својата иднина, без својата душа. Ова мало градче денеска тажи, секој граѓанин носи неизмерна болка. Нема човек што не загуби роднина, пријател, колега, другар, брат, сестра, син, ќерка. Болката е премногу голема за да се опише со зборови, а тагата предлабока за да може да се издржи. Ова не е само трагедија на едно семејство, ова е загуба за целиот град, за целата земја. Во овие моменти на жалост и тешка болка, апелираме покажете почит. Не објавувајте видеа, не споделувајте фотографии, не користете сензационални наслови. Болката на семејствата е доволно голема не ја зголемувајте со непромислени објави. Ова не е време за вести, ова не е време за љубопитност. Ова е време за тишина, за молитва, за достоинствено збогување.

Денес, Македонијо, тагувај со Кочани. Моли се за сила на родителите, на семејствата, на сите што загубија најмили. Да ги испратиме нашите деца во мир и достоинство. Поштедете не од сензационални наслови денес, тагата зборува сама.

Почивајте во мир, наши млади ангели. Простете ни што не ве зачувавме. Вашата светлина никогаш нема да згасне, вашите насмевки ќе останат во нашите срца. Ќе живеете вечно во сеќавањата на секој од нас“, се вели во апелот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy