Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонија станува земја производител на литиум-јонски батерии
Економија

Македонија станува земја производител на литиум-јонски батерии

21/07/2023

AA

Најголемиот европски производител за литиум – јонски батерии БМЗ Холдинг од Карлштајн на Мајна ги реализира најавите за инвестирање во Македонија со регистрирање на своја компанија во Скопје.

Тоа значи дека и Македонија ќе биде индустриски извозник на литиум – јонски батерии, кои економистите во последно време ги нарекуваат „новото злато“. Македонија има скромен удел во извозот на овој вид батерии, што најчесто се користат за напојување на мобилни уреди, со само 2.000 долари во 2019 година,  покажуваат податоците на World’s top exports. Спорд информациите на „Фактор“, БМЗ Холдинг во Македонија ќе произведува батерии за помали возила, како тротинети и велосипеди.

BMZ прави батериски системи за широк опсег на апликации, па дури и „сториџи“ за складирање на електрична енергија произведена од соларни панели и турбини на ветер. Баварскиот гигант има околу 2,3 илјади вработени и проценет годишен приход од 460 милиони евра.

Групацијата BMZ развива и произведува високотехнолошки батериски системи, кои се инсталирани низ целиот свет во најразновидните производи на познати брендови. Произведува и батериски системи со свои брендови. Освен производител, компанијата за себе вели дека е брзорастечка компанија и лидер во иновациите, најновите технологии и производствени процеси. Освен што е лидер во научно-истражувачката работа на ова поле, има и широкораспространета мрежа на клиенти. Има повеќе од 230 инженери во истражувачкиот центар. Компанијата развива повеќе од 100 нови производи секоја година.

Инаку литиумот за батерии неколку години наназад ја менува геополитичката слика на светот. Неговиот електрохемиски потенцијал го направи стратешки метал за иднината, особено на автомобилската индустрија.  Побарувачката за литиум во светот е се поголема. Најголем производител на литиум-јонски батерии е Кина, а најголеми европски потрошувачи се Германија, Велика Британија и Франција. По глава на жител водат скандинавските земји.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кои се уапсените Муса Џавит и Сенафи Нуредини?

11/07/2026
Македонија

Градежен работник од Куманово загина при пад од висина во

11/07/2026
Македонија

Скопје ја презема истрагата за летот на „Рајанер“, патник за

11/07/2026
Македонија

Мицкоски дециден: Нема да потпишам капитулација за Уставот, ако народот

11/07/2026
Македонија

Јаневска најави затворање на нелегални универзитети, под клуч веќе се

11/07/2026
Македонија

Најавите за работа до 72 години ја брануваат јавноста

11/07/2026
Македонија

Филмско бегство во Кочани: Осомничен за дрога избега преку прозорец

11/07/2026
Македонија

Андоновски: Дијаспората треба да гласа електронски, за три години дигитализацијата

11/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44314
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кои се уапсените Муса Џавит и Сенафи Нуредини?

11/07/2026

Еден од најозлогласените криминални картели кој доминира во скопското подземје е групата позната како „Беланоца“, која во одредени оперативни извештаи

Градежен работник од Куманово загина при пад од висина во Гази Баба

11/07/2026

Тешка несреќа на работа со смртни последици се случила вчера во раните попладневни часови во скопската општина Гази Баба. Како

Скопје ја презема истрагата за летот на „Рајанер“, патник за малку ќе биде вовлечен во

11/07/2026

Македонските воздухопловни власти, а не грчките, ќе ја раководат меѓународната истрага за застрашувачкиот инцидент на летот на авиокомпанијата „Рајанер“ (извршен

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy