
Македонија со осуда за нарушувањето на воздушниот простор на Естонија од страна на Русија
Министерството за надворешни работи на Македонија остро ја осуди провокацијата на Русија, која со три борбени авиони го наруши воздушниот простор на Естонија.
„Ова е сериозна и опасна провокација. Силно го осудуваме овој неодговорен чин и стоиме во целосна солидарност со Естонија и сите наши сојузници. Обединети, остануваме цврсти и решителни во одбраната на нашата заедничка безбедност,“ истакна Министерството на својот официјален Твитер-профил.
Северна Македонија повтори дека ќе продолжи да ја поддржува безбедноста и стабилноста на сојузниците во НАТО и во регионот.

