Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонија со 19 медали од кои 6 златни на Светското првенство во латино танци
Македонија

Македонија со 19 медали од кои 6 златни на Светското првенство во латино танци

17/04/2025

AA

Тринаесетгодишната Нина Спасовка од танцовото студио „Денсерс јунајтед“ оствари впечатлив успех на Светското првенство во латино танци, што се одржа во Варшава, Полска, освојувајќи два златни и еден бронзен медал. Танцовото студио „Денсерс јунајтед“ се врати со вкупно 19 медали: шест златни, осум сребрени и пет бронзени.

„Македонската репрезентација составена од 22 танчари блескаше на ова првенство, претставувајќи ја нашата земја со страст, енергија, извонреден талент и танц. Посебно емотивен момент беше настапот на инклузивната група од студиото, која преку својот танц испрати силна порака за еднаквост, поддршка и моќта на уметноста да ги надмине сите бариери“, велат од танцовото студио.

Златен медал освои и младинскиот тим на „Денсерс јунајтед“, а исто така и танчарките Ангела Николиќ и Луна Дариа Кочан, заедно со инклузивното танц шоу што обедини танчари од различни возрасти.

Четири сребрени медали беа освоени од Лина Дариа Кочан, додека по еден сребрен медал освоија Евгенија Арсова, Емили Нера Кочан и тимот на „Денсерс јунајтед“. Бронзените медали ги освоија Нина Спасовска, Ангела Николиќ, Михаела Филипова, Срна Трошановска, Нина Митревски, како и тимот на студиото со латино-американска кореографија.

„Со своите енергија, искреност и храброст, нашите танчари ги освоија симпатиите на публиката и учесниците од целиот свет. Овој значаен успех е резултат на долгогодишни посветеност, истрајност и љубов кон танцот, вредности што ги споделуваат танчарите, нивните ментори и семејствата. Македонија има со што да се гордее затоа што танцот зборува гласно, а овојпат зборуваше на јазикот на победата, солидарноста и љубовта“, рече Сара Кочан, која беше

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy