
Македонија се разбуди со минусни температури
Утрово Македонија се разбуди со минусни температури.
-3 степени се измерени во Попова Шапка, додека пак -1 се измерени во Лазарополе.
0 степени Маврови Анови, 2 степени во Крушево, 4 Крива Паланка, Виница, 5 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Претор, Куманово, 6 Скопје-Петровец, Берово, Охрид, Битола, Штип, Струмица, 7 Прилеп, Велес, Кавадарци, 8 Демир Капија, Дојран, 9 Гевгелија.
Најмногу дожд во изминатото дененоќие наврна во Виница 32 литри на метар квадратен.
32 Виница, 25 Берово, 19 Лазарополе, 16 Радовиш Пожар, 15 Штип, Маврови Анови, 14 Охрид, 13 Крушево, 12 Крива Паланка, Попова Шапка, 11 Струмица, 10 Претор, 9 Скопје-Петровец, 8 Гевгелија, Дојран, 7 Куманово, Пожаране, 6 Демир Капија, Тетово, 5 Ѓуриште, 4 Скопје-Зајчев Рид, Велес, 3 Кавадарци, 2 Прилеп.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, особено во северозападните делови каде ќе има услови за ретки грмежи. На планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови засилен западен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени.
Во Скопје променливо облачно и посвежо со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.
