
Македонија се поклони пред делото на Свети Климент Охридски: Доделени државните награди, Претседателката повика на сплотеност
Македонија денеска со низа свечености го одбележа денот на Свети Климент Охридски – заштитникот, чудотворецот и основоположникот на словенската писменост и култура. Денот посветен на најталентираниот ученик на светите браќа Кирил и Методиј беше исполнет со положување цвеќе, доделување на највисоките државни признанија и пораки за единство.
Наследството на Свети Климент, кој заедно со Свети Наум ја продолжи мисијата на своите учители во Охрид, останува темел на македонскиот и сесловенскиот идентитет. Токму во Охрид, кој прерасна во центар на писменоста, Климент го основаше првиот словенски и балкански универзитет – Охридската книжевна школа. Во нејзиното 30-годишно постоење, образование стекнале над 3.500 ученици, кои подоцна ја ширеле писменоста низ целиот словенски свет.
Централната манифестација на отворено се одржа пред платото на Националната и универзитетска библиотека (НУБ) во Скопје, која го носи името на светецот.
Пред неговиот споменик, почит оддадоа и положија венци со свежо цвеќе бројни делегации, вклучувајќи претставници на:
Од Православниот богословски факултет истакнаа дека историската важност на Свети Климент е немерлива, не само за Македонија, туку и за целиот словенски род кој бил описменет благодарение на неговиот универзитет.
Во Собранието на Република Северна Македонија традиционално беше врачена државната награда „Свети Климент Охридски“, највисокото признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста и здравството.
Годинешни добитници на престижната награда се:
Одбележувањето на празникот започна уште вчеравечер со Свечена академија. Во своето обраќање, претседателката на државата, Гордана Силјановска Давкова, го искористи моментот за да повика на национално и општествено единство.
Таа упати порака за „сплотување кон една повисока и заедничка општествена цел“, повикувајќи се на вредностите што ги оставил Свети Климент – просветителство, духовност и неуморна работа за доброто на заедницата.
