
МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА ДОВЕРЛИВ ПАРТНЕР НА НАТО Продолжуваме со зајакнување на одбраната и колективната безбедност, вели Ковачки

Како делегација составена од повеќе партии, во моментов сме на посета во седиштето на НАТО, во Брисел, каде што оддаваме парламентарна поддршка за политичката кохезија во Алијансата, изјави Драган Ковачки, пратеник и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
Ковачки истакна дека за време на посетата е нагласено дека Македонија останува верен и доверлив партнер на НАТО, како и дека има јасна определба за понатамошно зајакнување на соработката и исполнување на преземените обврски.
– Ќе продолжиме да ги реализираме одлуките од Самитот во Хаг, а се со цел зголемување на одбраната и одвраќањето, секако од аспект и на колективната безбедност, но и од аспект на кооперативната безбедност, понатаму, менаџирањето со кризите и, секако, борбата со тероризмот. Продолжуваме со посетата и со давањето поддршка на одлуките на Алијансата – нагласи Ковачки во видео изјава од седиштето на НАТО во Брисел.
.
