Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонија наскоро добива трет мобилен оператор – АЕК ќе распише јавен тендер
Македонија

Македонија наскоро добива трет мобилен оператор – АЕК ќе распише јавен тендер

27/05/2025

AA

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) најави дека ќе распише јавен тендер или тендер со јавно наддавање за доделување дозвола за трет мобилен оператор, откако три компании – ОНЕ Македонија, Битстрим Мобиле и е& ппф Телеком Груп – доставија писма за искажување на интерес.

„АЕК на 16.04.2025 година објави Намера за спроведување на постапка на јавен тендер со јавно наддавање (Намера). Времетраењето на јавната расправа по објавената Намера беше заклучно со 16.05.2025 година. По завршувањето на јавната расправа до АЕК пристигнаa Писмa за искажување на интерес од три заинтересирани страни и тоа: ОНЕ Македонија Телекомуникации ДООЕЛ Скопје, Битстрим Мобиле ДООЕЛ Скопје и од е& ппф Телеком Груп Б. В. Бидејќи примениот број на писма за искажување на интерес е поголем од објавениот број на одобренија за користење на радиофреквенции што ќе се издаваат, во согласност со член 134 став (6) алинеја 1, АЕК ќе објави јавен тендер или јавен тендер со јавно наддавање“, наведува АЕК.

ОНЕ Македонија, која беше иницијатор за објавување на Намерата, побара годишниот надоместок за користење на фреквенцискиот спектар да се пресметува од моментот на комерцијално пуштање на мрежата, а не од денот на издавање на дозволата. АЕК го одби барањето, нагласувајќи дека нема законска можност за одложување на плаќањата или нивно привремено намалување.

Од друга страна, е& ппф Телеком Груп ја оцени предложената висина на надоместоците како нереално висока, особено ако се земат предвид инвестициските трошоци за влез на нов пазар. АЕК одговори дека висината на надоместите е утврдена според претходни анализи и е во согласност со регулаторните принципи на објективност и недискриминација.

Битстрим Мобиле, пак, изрази интерес за фреквенции во опсезите 900 MHz, 2100 MHz и 3.х GHz – кои не беа вклучени во првичната Намера. Поради ова, АЕК најави дека дополнително ќе објави нова Намера за тие конкретни опсези.

Со оглед дека бројот на пријавени заинтересирани страни е поголем од бројот на достапни дозволи, АЕК ќе распише јавен тендер со јавно наддавање. Во оваа фаза, право на учество ќе имаат само нови мрежни оператори, со што постојните (А1 Македонија и Македонски Телеком) се исклучени од процесот.

Очекувањата се дека влезот на трет мобилен оператор ќе донесе поголема конкуренција, подобри цени и квалитет на услугите за корисниците.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy