
МАКЕДОНИЈА ИЗДВОЈУВА НАЈМНОГУ ЗА СУДСТВОТО, ДОБИВА НАЈМАЛКУ Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ направи споредба со судските буџети во другите земји

Иако Македонија е мала држава и по територија и по население, издвојува значителни средства за правосудниот систем. Дури 0,39% од БДП се дава за правосудството. Тоа е повеќе од Франција со 0,20%, Германија издвојува 0,30%, Грција 0,26%, соседна Албанија 0,29%, Молдавија 0,35% и Грузија 0,23%. Во превод, државата вложува најмногу, а добива најмалку – изјави на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
– Наместо независно и ефикасно судство, граѓаните гледаат бавни постапки, нерешени предмети, одложувања без основ, политички влијанија и недоверба. Судниците се претвораат во места каде што правдата се чека, но речиси никогаш не се добива. Судството треба да биде стожер на правдата, а не алатка во рацете на поединци и политички групи. Граѓаните плаќаат, а за возврат добиваат нефункционален систем кој не ја штити вистината, туку ја одложува. А понекогаш, таа воопшто не ни стигнува – рече Манасиевски.
Според него, иако Македонија процентуално издвојува најмногу средства од БДП за правосудството во регионот и Европа, судиите, кои земаат и до три просечни плати, а некои и повеќе, сепак бараат уште.
– А резултати нема. Нема ниту правда, ниту квалитет, ниту реформи. Плаќаме најмногу, а добиваме најмалку. Клучното прашање е дали овие луѓе заслужуваат повисоки плати? Реформи мора да има – рече Манасиевски.
.

