Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонија има потреба од нов авион – Томовски вели стариот имал само 6 седишта и често се расипувал!
Македонија

Македонија има потреба од нов авион – Томовски вели стариот имал само 6 седишта и често се расипувал!

21/01/2025

AA

Директорот на СОЗР, Ивица Томовски, предложи набавка на нов или половен државен авион, бидејќи постојниот е стар и не ги задоволува потребите за службени патувања.

„Ако претендираме и сакаме да бидеме сериозна држава, треба да имаме соодветен воздухоплов, а воздухопловот што моментално го имаме, има само шест седишта, непрактичен е за поголеми делегации, често се расипува и поради тоа сметам дека треба да се размислува сериозно за набавка на нов авион, можеби и половен авион, но не постар од две-три години и по тоа прашање треба да се има еден заеднички консензус опозиција-власт“, изјави директорот Томовски синоќа во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

Според него, авионот „лирџет 60“ често има дефекти и треба сериозно да се разгледа опцијата за нов, или барем половен авион, за кој би било потребно 15-40 милиони евра.

„Апсолутно се согласувам, обично викаат авионите немаат старост кога се одржуваат редовно, но еве многу често ни се случуваат дефекти. Како што кажав, сега ќе оди на вонреден сервис во Виена, бидејќи од резервоарите протекува гориво, тоа е навистина сериозен проблем. Па, имавме дефект со некои мерни инструменти коишто мерат издувност на гасови, дефект поради којшто компанијата што ни го сервисира не дозволува летање, па претседателот на Собрание беше принуден да се враќа во Македонија со редовни летови и други проблеми коишто произлегуваат од ова одржување“, вели Томовски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Воена вежба на Охридското Езеро: Македонски и белгиски војници утре

16/02/2026
Македонија

САМО ПЛАНОТ НА ТРАМП МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ МИР ВО УКРАИНА

16/02/2026
Македонија

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВИКТОР ИЛИОСКИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ Трагичен крај на потрагата по

16/02/2026
Македонија

ССМ утре ќе ја блокира Владата: Трендафилов најавува генерален штрајк 

16/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА ДОВЕРЛИВ ПАРТНЕР НА НАТО Продолжуваме со зајакнување на

16/02/2026
Македонија

Трагично заврши потрагата по исчезнатиот Виктор Илиоски од Прилеп

16/02/2026
Македонија

СОБРАНИЕТО ЌЕ ОДРЖИ ОСМОМАРТОВСКА СЕДНИЦА Гаши им порача на пратениците

16/02/2026
Македонија

Пожар во куќа во Македонска Каменица: Спасен 80-годишен маж

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41538
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Воена вежба на Охридското Езеро: Македонски и белгиски војници утре ќе користат маневарска муниција

16/02/2026

СВР Охрид ја известува јавноста дека, утре (17.02.2026 година) од 04 до 09 часот, на крајбрежјето и во водите на

САМО ПЛАНОТ НА ТРАМП МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ МИР ВО УКРАИНА Министерот Мисајловски за безбедносните прашања

16/02/2026

Министерот за одбрана Владо Мисајловски ја поздрави иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп за мир во Украина, истакнувајќи дека конфликтот

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВИКТОР ИЛИОСКИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ Трагичен крај на потрагата по него

16/02/2026

Во кругот на Градската општа болница-Прилеп денеска попладне околу 16 часот пронајдено е безживотното тело на В.И. (40) од Прилеп,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy