Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонија и натаму земја со најголеми загуби на електрична енергија, за тоа сме платиле висока цена од 90 милиони евра
Економија

Македонија и натаму земја со најголеми загуби на електрична енергија, за тоа сме платиле висока цена од 90 милиони евра

03/06/2025

AA

Македонија останува една од земјите во Европа со најголеми загуби на електрична енергија, а тие минатата година сме ги платиле со 91,3 милиони евра. Операторот на електродистрибутивната мрежа ЕВН Електродистрибуција пријавил уште поголеми загуби минатата година како количество – 876 илјади мегаватчасови, додека една година претходно тие биле помали – 853 илјади мегаватчасови.

Иако интенцијата треба да биде намалување на овие загуби, процентот со години се движи нешто над 13 отсто на загубена електрична енергија која е испорачана во мрежата на Електродистрибуција, но не стигнува до крајните потрошувачи, од кои 912.562 приклучни места се водат како домаќинства, додека 11.957 се останати.

Самата Електродистрибуција во својот План за намалување на загубите, но и Регулаторната комисија за енергетика во својот објавен извештај за минатата година, меѓу останатото, признаваат дека како нова причина за тоа што не може тие да се намалат се големиот број на новоизградени фотоцентрали.

„Во 2022 и 2023 година има благо
зголемување на загубите, а една од причините е зголемување на инсталираниот
капацитет на фотоволтаични електроцентрали приклучени на електродистрибутивната
мрежа, нерамномерно распределени и сконцентрирани во исти реони, како последица
на што постои зголемување на напоните, како и зголемување на техничките загуби во
електродистрибутивната мрежа. Во 2024 година загубите во електродистрибутивната
мрежа изнесуваа 13,30%, што е благо опаѓање во однос на загубите во
електродистрибутивната мрежа во 2023 година кога изнесуваа 13,80%. Ваквиот пад на
загубите се должи на зголемениот број на просумери кои што произведената
електрична енергија најпрво ја користат за сопствени потреби, а остатокот го предаваат
во мрежа“, објави РКЕ.

Просечната цена за набавка на електрична енергија, на сметка на граѓаните, за покривање на загубите во
2024 година изнесувала 103 евра од мегаватчас, и е намалена
речиси за 6 отсто во однос на просечната цена за набавка на електрична енергија за
покривање на загубите во 2023 година.

Сепак сумата која вкупно сме ја платиле преку сметките за електрична енергија не се разликува многу за една година. Лани таа била 91,3 милиони евра, додека во 2023 изнесувала 94,7 милиони евра, според извештајот на РКЕ.

ЕВН Електродистрибуција за покривањето на загубите купувала струја од МЕПСО и од домашната берза, но најголем дел од АД ЕСМ, на кого му се платени 82,6 милиони евра за една година. Сепак, треба да се каже дека и самиот ЕСМ голем дел од струјата што му ја испорачува на ЕВН ја купува од отворениот пазар и од берзата.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy