Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕСМ СО КРИВИЧНА ПРИЈАВА ДО ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА И МВР: Поранешни членови на управни и надзорни одбори и високи функционери од претходната Влада направиле штета од 5 милиони евра
Економија

ЕСМ СО КРИВИЧНА ПРИЈАВА ДО ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА И МВР: Поранешни членови на управни и надзорни одбори и високи функционери од претходната Влада направиле штета од 5 милиони евра

03/06/2025

AA

Компанијата Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) поднесе кривични пријави до Финансиската полиција и Министерството за внатрешни работи против поранешни членови на управни и надзорни одбори, како и против високи функционери од претходната Влада. 

Пријавите се поднесени за одлуки поврзани со закуп на капацитет за гас во ЛНГ-терминалот во Александрополис, Грција – капацитет што, според ЕСМ, не можел да се користи и предизвикал штета од над 5 милиони евра.

„Согласно член 353 од Кривичниот законик, тие несовесно постапувале и не ги штителе интересите на компанијата и на државата“, изјави генералниот директор на ЕСМ, Лазо Узунчев, на денешниот брифинг со енергетските компании ЕСМ, МЕПСО и МЕМО.

Штетата, како што информираа, произлегува од закуп на прекуграничен капацитет и ангажман во гасниот терминал, за што компанијата месечно плаќала над 250 илјади евра. Узунчев рече дека договорот бил потпишан од страна на претходната влада, а меѓу пријавените, според информации на Телма, е и поранешниот вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи, кој за медиумот изјави дека не е запознаен со пријавата, но дека целата документација е транспарентна и достапна во Владата и во ЕСМ.

Од претходната влада тврдат дека проектот имал регионално значење и дека бил планиран како дел од стратешко снабдување со гас од повеќе извори, во кој биле вклучени и Србија и Бугарија.

Во услови на тешка финансиска состојба, ЕСМ најави ново задолжување од 30 милиони евра од домашна банка, со камата до 3,5 проценти, за покривање на доспеани обврски. Договорот се очекува да биде потпишан следниот понеделник. Лани компанијата веќе се задолжи за 82 милиони евра на домашниот пазар, средства што се речиси целосно искористени.

И покрај финансиските проблеми и намаленото производство на електрична енергија во првиот квартал, од ЕСМ очекуваат годинава да завршат со позитивна финансиска нула.

„И еден цент добивка ако оствариме, тоа ќе биде добро“, рече Узунчев.

Цената на струјата за домаќинствата засега останува непроменета – 62 евра за мегават-час, а одлуката за евентуални корекции треба да се донесе неделава. Според последниот извештај, загубите на ЕСМ надминуваат 120 милиони евра, а компанијата продолжува да се бори со ликвидноста.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy