Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонија, Хрватска и Бугарија бележат најголем пад на населението во последната деценија
Регион

Македонија, Хрватска и Бугарија бележат најголем пад на населението во последната деценија

14/04/2024

AA

Студија откри јасен тренд на опаѓање на населението во Југоисточна Европа, при што Македонија, Хрватска и Бугарија доживуваат најголема загуба на население во последната деценија.

Според хрватскиот Индекс, Македонија има пад на населението од 11 отсто од 2012 година, додека Хрватска и Бугарија изгубиле околу 9 отсто од своите жители.

Србија и Босна и Херцеговина, исто така, забележаа значителен пад на населението, при што демографските податоци покажуваат загуба од 7,68 отсто и 6,74 отсто, соодветно. Поточно, податоците од Босна и Херцеговина се неизвесни, бидејќи последниот попис на населението беше направен во 2013 година и не беше прифатен од сите субјекти во земјата.

Романија изгуби најмногу население во апсолутна вредност, со еден милион жители помалку за десет години, што е пад од 5 проценти. Големи загуби доживеа и Бугарија, при што земјата загуби 626.500 население во бројки.

Во меѓувреме, Грција и Србија  загубија 608.000, односно 526.000 жители. Посебно Хрватска доживеа голем процентуален пад, со загуба од 9,66 отсто од нејзиното население.

И покрај разликите во богатството и економскиот развој во регионот, демографските проблеми се слични во сите овие земји. Подобрувањата на животните услови го зголемија животниот век, но бројот на раѓања опаѓа, со што се зголемува притисокот врз економијата и се зголемуваат предизвиците поврзани со стареењето на населението.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy