Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонија ги укинува царините за САД
Економија

Македонија ги укинува царините за САД

02/06/2025

AA

На последната седница на Владата се усвоени измени на Законот за царинска тарифа, а во тие рамки има и уникување на царините за увоз за сите производи кои доаѓаат од САД.

Ова денес го објави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, која рече дека по овој потег се очекува и реципрочно да возврати САД и да бидат укинати царините за македонските производи.

– Следува целосна либерализација на увозот на стоки од САД,  а со тоа во меѓународната трговија праќаме порака за забрзување на процесот на реципроцитет, рече Димитриеска Кочоска.

Министерката додаде дека нема прецизни информации кога САД ќе возврати на ист начин, но дека таков потег се очекува.

– Работиме нешто во моментов, треба да се стрпиме, па ќе бидеме информирани од министерот за надворешни работи, наведе таа.

Во законските измени за секторот енергетика ќе се намали царинската тарифа за литиум јонските батерии од 15 на 2,7 проценти. Во наредниот период се очекува голем увоз на овие таканаречени „сториџи“ за складирање на електрична енергија која се произведува од обновливи извори.

– Ова е од причина што батериите стануваат клучен елемент во балансирањето на енергијата и одржување на стабилноста на системот, изјави Димитриеска Кочоска.

Наедно со измените се намалување уште 67 тарифники ознаки, а тоа се прави,како што наведе министерката, по консултации со бизнис коморите.

– 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy