Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „НЕМА ПОЛИТИЧКА АГЕНДА“: Мицкоски за законските измени за намалување на прагот на репрезентативност на Синдикатите
Економија

„НЕМА ПОЛИТИЧКА АГЕНДА“: Мицкоски за законските измени за намалување на прагот на репрезентативност на Синдикатите

02/06/2025

AA

Нема никаква политичка агенда во намалување на прагот на репрезентивноста на синдикатите, туку тоа е резултат од разговорот на последната средба со сите синдикати, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарско прашање, зошто со законски измени се намалува условот за репрезентативност на синдикатите.

– Тоа беше резултат од разговорот од последниот пат кога бевме со сите синдикати, заедно дека имаме два синдикати реално во Македонија, коишто се на терен и тие два синдиката за да нема кој е внатре, кој не е внатре, па за да нема кој има резпрезентативност, кој нема, сите да бидат во рамките на Економско-социјалниот совет и да има еден дијалог, којшто таму ќе се случува внатре. 

Така што тоа не е нешто коешто е некаква политичка агенда – изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Фактор денес објави дека до македонското Собрание доставен е предлог закон со кој се намалува од досегашните дест отсото од вкупниот број на вработени во земјава, синдикалните здруженија во иднина ќе можат само пет отсто од вкупниот број на вработени да бидат репрезентативни. 

Законот се менува на предлог на група пратеници од владејачката коалиција и тие веќе ги имаат доставено предлог измените во Законот за работни односи. 

Воедно денеска Мицкоски на одбележувањето 80 години постоење на Завод за статистика одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за растот на БДП споредено со другите земји од Европа посочи дека очекува да бидеме меѓу првите земји по економските резултати. „

– Очекувам конечно и првиот квартал од оваа година да покаже едно консолидирање, да бидеме во првите пет-шест, би рекол економии во Европа, во првиот квартал според процентот од Бруто домашниот производ на раст, да речеме би се задржал на онаа бројка што од порано ја имам комуницирано, помеѓу три-четири проценти, но да видиме деновиве, претпоставувам ќе се објави и таа бројка – посочи премиерот.

Фото: Архива

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026
Македонија

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди

26/07/2026
Македонија

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026
Македонија

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време

26/07/2026
Македонија

Пронајдени човечки останки кај македонско-албанската граница

26/07/2026
Македонија

Мицкоски: Скопје памети, Македонија не заборава – вечен спомен за

26/07/2026
Македонија

Приведени осум лица – при преглед кај нив е пронајдена

26/07/2026
Македонија

Хорор во скопско село: Ја фатил мајка си низ прозорецот

26/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44677
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изрази сериозна загриженост поради последните инциденти со дронови во Романија и

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди своето прво дете

26/07/2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р Органџиски“ успешно била реализирана сложена

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026

Стотици жители на Гостивар побарале лекарска помош поради стомачни тегоби неколку дена пред надлежните официјално да прогласат епидемија, покажуваат податоците

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy