Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МАКЕДОНИЈА ЕДНОСТАВНО ИМ СЕ ПОГОДИ: „Ван Хол“ кај нас го сели целото производство на автобуси
Економија

МАКЕДОНИЈА ЕДНОСТАВНО ИМ СЕ ПОГОДИ: „Ван Хол“ кај нас го сели целото производство на автобуси

16/03/2024

AA

Белгиската компанија „Ван Хол“ ќе го запре производството на градски автобуси и ќе се преориентира само на автобуси за превоз на патници и приколки. Компанијата има потреба да се реструктуира поради промената на условите на пазарот.

Во тоа преструктуирање 1.100 вработени од фабриката на „Ван Хол“ во Белгија ќе бидат отпуштени во наредните три години, до 2027, а производството на автобуси ќе се префрли речиси целосно во фабриката во Македонија, крај Скопје. Една од важните причини е што платата на вработените во овдешната фабрика на „Ван Хол“ е за околу три пати помала од онаа на белгиските работници, пренесе Независен. 

Оваа вест ја објавија повеќе белгиски медиуми и специјализираните веб страници за автобуски превози и производство на автобуси. Во соопштението за печатот „Ван Хол“ ја објави „својата намера стратешки да ги рефокусира своите активности кон пазарните сегменти каде што клиентите свесно го избираат високиот квалитет на производите на ‘Ван Хол’“.

За познавачите на овој сегмент од превозот во Европа ваквата одлука изгледа чудна затоа што „Ван Хол“ неодамна лансираше нова платформа за градски автобуси со нулта емисија (серија А) и доби важен договор за трамбуси во Париз.

Од компанијата велат дека нема целосно да престанат со производство на автобуси за градски превоз, туку дека ќе бидат поселективни при нарачките. Главната фабрика на „Ван Хол“ во Конингшоикт во Белгија ќе се фокусира на полуприколки кои бараат повисок степен на експертиза и нудат поголема додадена вредност за купувачот, а таму ќе остане и центарот за знаење, истражување и развој.

Наводно, 31 март е поставен како краен рок за преструктуирањето но за тоа се потребни 45 милиони евра. Новото раководство на компанијата помошта ја гледа во фламанската влада на регионот и банките. Без договор до 31 март може да се случи „Ван Хол“ да поднесе барање за стечај.

Причина за кризата во „Ван Хол“, наводно, е конкуренцијата од азиските групи или големи европски автомобилски групи.

„Ван Хол“ сега би сакал да се фокусира на производството на луксузни автобуси. Тоа е пазар каде што има помала конкуренција и кинеските компании не се насочуваат веднаш.

Производството на тие автобуси, кои моментално сè уште се произведуваат во фабриката во Белгија, ќе се пресели главно или целосно во Македонија. Овде „Ван Хол“ долго го произведуваше ЕХ асортиманот на автобуси и модели за пазарот на Северна Америка. А произведува и градски автобуси. Така, кога ќе престане да прави градски автобуси, таму ќе ослободи капацитет за правење други автобуси.

Инаку, компанијата е присутна во Македонија повеќе од една деценија. Како што стои и на официјалната интернет страница на „Ван Хол“ во земјава, во јули 2012 година беше поставен камен-темелник кој го означи почетокот на изградбата на фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 2 во Бунарџик. 

Компанијата производството за 3 години целосно ќе го пресели во Македонија, а една од причините е ниската цена на трудот, односно 3 пати пониски плати од оние кои ја примаат белгиските работници.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy