
МАКЕДОНИЈА Е НА ДНОТО НА ЛИСТАТА: Две третини од најпросперитетните држави во светот се во Европа
Две третини од најпросперитетните држави во светот се во Европа, според индексот на просперитет „Легутам“ за 2023 година. Високо котираат Луксембург, Швајцарија, Холандија и Австрија, објави еuronews.
Нордиските земји се над ЕУ-просекот, но не успеаја да ги заземат првите места.
Норвешка се најде на 2. место. Финска е на 10. место, а Шведска се најде на 13. место од вкупно 35 земји на листата. Исланд и Данска се најдоа на 7. и 8. место.

Гледајќи ги четирите најнаселени земји на ЕУ, просечниот расположлив приход беше над просекот на ЕУ во Германија и Франција, додека беше помал во Италија и Шпанија. Хрватска, последната земја што ѝ се приклучи на ЕУ, имаше повисок просечен расположлив приход од шест земји на ЕУ.
На дното се земјите од регионот кои не се дел од ЕУ, меѓу кои е и Македонија. Нешто подобра од Македонија е Црна Гора.
foto freepik.com
