Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонија ќе купува течен природен гас од САД
Македонија

Македонија ќе купува течен природен гас од САД

08/04/2026

AA

Втората сесија на Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД, одржана во Вашингтон, заврши со објавување заедничка изјава која ја дефинира соработката на двете земји во областа на енергетиката, безбедноста и инвестициите. Дијалогот беше предводен од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и заменик-државниот секретар Кристофер Ландау.

Според изјавата, двете земји се договорија за купување течен природен гас од САД и воспоставување едношалтерски систем за извоз и инвестиции. Истовремено, Македонија се обврзува да ја зголеми одбранбената потрошувачка до 5% од БДП до 2035 година и да придонесе во рамките на Списокот на приоритетни потреби на Украина.

САД, пак, ќе обезбедат техничка помош за зајакнување на дигиталната инфраструктура во македонските министерства, финансиска поддршка од 3,5 милиони долари за унапредување на капацитетите на МВР и управувањето со границите, како и пристап до програмата Global Entry, што овозможува забрзана проверка на однапред одобрени патници при влез во САД.

Во заедничката изјава се нагласува посветеност на енергетска диверсификација, подобрување на инвестициската клима и трговските односи, унапредување на сајбер безбедноста и јакнење на институционалните капацитети. Исто така, посебен акцент е ставен на зајакнување на соработката во борбата против транснационален криминал, нелегална миграција и гранична безбедност.

Дијалогот исто така ги опфати иницијативите за заштита на културното наследство и за унапредување на мобилноста на граѓаните преку приклучување кон програмите за доверливи патници.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГОТОВ Е ПРОЕКТОТ ЗА РЕНОВИРАЊЕ НА ИНФЕКТИВНОТО ВО ВЕЛЕС Почетокот

08/04/2026
Македонија

Велев: Немаме медицински сестри за едукација, пациентите учат за дијабетесот

08/04/2026
Македонија

Македонија ќе купува течен природен гас од САД

08/04/2026
Македонија

САД и Македонија го продлабочуваат партнерството: Милионски инвестиции за одбраната,

08/04/2026
Македонија

ДИРЕКТОРОТ НА АХВ ГИ ДЕМНЕ ВРАБОТЕНИТЕ СО КАМЕРИ Кога ќе

08/04/2026
Македонија

Палевски и сообвинетите утре пред Апелација – бараат укинување на

08/04/2026
Македонија

ФОТО Премиерот во Хилтон даваше Велигденски ручек

08/04/2026
Македонија

Уставниот суд го поништи законот за платите на судиите

08/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42271
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГОТОВ Е ПРОЕКТОТ ЗА РЕНОВИРАЊЕ НА ИНФЕКТИВНОТО ВО ВЕЛЕС Почетокот ќе зависи од ребалансот на

08/04/2026

Владата донесе одлука за целосно реновирање на зградата на Инфективното одделение на велешката Општа болница со 75 милиони денари, инсталирање

Велев: Немаме медицински сестри за едукација, пациентите учат за дијабетесот од странски канали

08/04/2026

Покрај недостигот на лекови, дијабетичарите се соочуваат и со огромен дефицит на стручен кадар, особено во помалите градови како Радовиш,

САД и Македонија го продлабочуваат партнерството: Милионски инвестиции за одбраната, енергетиката и сајбер безбедноста

08/04/2026

Во Вашингтон успешно се одржа вториот Стратешки дијалог помеѓу Соединетите Американски Држави и Република Северна Македонија. Делегациите, предводени од американскиот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy