Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонија ќе го озакони „Биткоинот“
Економија

Македонија ќе го озакони „Биткоинот“

05/12/2024

AA

Биткоинот достигна уште еден историски врв и за прв пат ја премина границата од 100.000 долари.

Највисоката точка достигна 104.000 долари, што е зголемување од над 45 отсто во споредба со периодот пред претседателските избори во САД, кога криптовалутата се тргуваше под 69.000 долари.

Во Македонија владата сè уште нема создадено правна рамка за заштита на инвеститорите или јасно дефинирање како функционираат овие средства. Инвеститорите се принудени да работат во неизвесен простор, користејќи меѓународни платформи за трансакции и соочени со правна несигурност во земјата.

Но, премиерот Христијан Мицкоски вели дека во моментов тргувањето со криптовалути се врши полулегално, додека сериозно се работи на тоа да се регулира со закон. Тој вети дека Македонија ќе биде меѓу првите во регионот што ќе направи промени во оваа насока.

„Денеска би рекол дека од тука се тргува полулегално. Сакаме сето ова да го канализираме во рамките на законот, но има многу делови кои треба однапред да се усогласат и ние го правиме ова, ги усогласуваме тие акти за да дојдеме до крајниот производ. Но, да, ви велам и ова е иднината и мислам дека ќе бидеме меѓу првите во регионот, ако не и први, што ќе се обидеме да направиме нешто вакво“, изјави Мицкоски.

Некои земји во светот веќе почнаа да ги ставаат дел од своите буџети во биткоин, додека мнозинството земји во светот сè уште не го регулирале ова прашање со закон. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Муцунски во прва посета на Израел: Сакаме да бидеме порта

29/08/2026
Македонија

Од вторник Градски воз: Осум линии дневно меѓу Зелениково и

29/08/2026
Македонија

Пензиите ќе пораснат до 3,5 проценти, точниот износ ќе се

28/08/2026
Македонија

За едно деноноќие приведени 16 возачи за „безобѕирно управување“

28/08/2026
Македонија

ВИДЕО Големо количество сахарска прашина над Македонија

28/08/2026
Македонија

8 активни пожари на отворено, три се под контрола

28/08/2026
Македонија

Завршува летниот режим: ЈСП од 1 септември со зимски возен

28/08/2026
Македонија

Семејна драма во Македонска Каменица: Снаата ја нападнала свекрвата, па

28/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45316
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Муцунски во прва посета на Израел: Сакаме да бидеме порта кон Европа не само за

29/08/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за израелскиот весник „The Jerusalem Post“, дадено во рамките

Од вторник Градски воз: Осум линии дневно меѓу Зелениково и Скопје

29/08/2026

Од 1 септември 2026 година повторно се воспоставува железничката врска меѓу Зелениково и Скопје, со градски воз што ќе сообраќа

Пензиите ќе пораснат до 3,5 проценти, точниот износ ќе се знае во септември

28/08/2026

Пензионерите на почетокот на септември ќе дознаат колкаво ќе биде новото зголемување на пензиите, а првичните пресметки покажуваат раст од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy