
Македонец со компанија во Србија нов сопственик на телевизија 24
Едногласно, советот на Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) донесе одлука за промена на сопственичката структура на 24 Вести.
Скопјанецот Зоран Киш преку фирма регистрирана во Србија е новиот сопственик.
„Проверивме во Централен регистар, тој не се јавува како сопственик или основач на други фирма“, нагласија денеска од Агенцијата, бидејќи законот забранува медиумска концентрација, односно сопственици на телевизии, радија и весници да може во исто време да поседуваат други медиуми, телекомуникациски оператори и слично.
Од сопственоста да излезе Австриецот Јирген Мајкснер, кој беше газда на телевизијата преку двете негови компании.
Телевизијата неодамна доби и нов главен и одговорен уредник на местото од Анета Додевска беше назначена Мирјана Трпчевска.
Минатата година ТВ24 повторно беше одбиена за национална концесија.