![МАКЕДОНЦИТЕ ЖИВЕАТ ВО ПРОСЕК 74 ГОДИНИ: Жителите на Косово се најдолговечни на Западен Балкан](https://novina.mk/wp-content/uploads/2024/06/1717874176_20240507095703-850x560.avif)
МАКЕДОНЦИТЕ ЖИВЕАТ ВО ПРОСЕК 74 ГОДИНИ: Жителите на Косово се најдолговечни на Западен Балкан
Жителите на Косово се најдолговечни во регионот со 80 години, а Македонците живеат во просек 74 години
Жителите на Косово се најдолговечни на Западен Балкан, се посочува во извештајот на Светска банка за очекуваниот животен век на светското население, пренесува Бета. Населението во Косово е четири до пет години подолговечно од жителите на другите земји од Западен Балкан. Очекуваниот животен век во Албанија е 77 години, во Црна Гора 76, во Босна и Херцеговина и во Србија 75, а во Северна Македонија 74 години.