
МАКЕДОНЦИТЕ СО ГОДИНИ СЕ СЕЛАТ ВО ГЕРМАНИЈА: Колку нашинци лани добиле пасош?
Меѓу натурализираните лани во Германија, особено интересно е зголемувањето на македонските граѓани кои добија германски пасош. Вкупно 2.805 македонски државјани станаа дел од германското општество, што е речиси четирипати повеќе во споредба со 2023 година, кога нивниот број беше само 665. Просечната возраст на натурализираните Македонци изнесува 30,8 години, а меѓу нив има и 560 малолетници. Од нив, мажи се 1.375, а жени се 1.430.
Од Западен Балкан, најбројни меѓу оние кои земале германски пасош се граѓаните на Косово — 7.480 лица, по што следуваат Србија со 4.675, Босна и Херцеговина со 3.905 и Албанија со 3.115 нови државјани. Најмалку натурализации има од Црна Гора — само 355.
Најголема група од вкупниот број на натурализации во Германија се сириските државјани, кои сочинуваат 28 отсто од сите нови германски граѓани, или 83.150 лица. По нив следуваат Турците (8 отсто), Ирачаните (5 отсто), Русите (4 отсто) и Авганистанците (3 отсто). Русите бележат најголем пораст — од 1.995 во 2023 година на 12.980 во 2024 година, додека бројот на Турци кои добиле германско државјанство се удвоил, достигнувајќи 22.525 лица.
foto freepik.com