Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МАКЕДОНЦИТЕ ПОМАЛКУ ЗБОРУВААТ НА ТЕЛЕФОН – АЕК утврди пад на разговорите во сите мрежи
Економија

МАКЕДОНЦИТЕ ПОМАЛКУ ЗБОРУВААТ НА ТЕЛЕФОН – АЕК утврди пад на разговорите во сите мрежи

21/03/2025

AA

Агенцијата
за електронски комуникации утврди дека минатата година имало раст на фиксните
линии во Македонија, благ пад кај бројот на претплатници во мобилната мрежа, a
се намалуваат и телефонските разговори меѓу корисниците и на фиксните линии и
на мобилните. 

Во годишниот
извештај на оваа институција е посочено дека во 2024
година претплатниците просечно зборувале 12,56 минути на фиксна линија. Притоа, најголем дел од повиците се остварува во сопствена фиксна мрежа и изнесува 4,33 минути. Сообраќајот кон
други фиксни мрежи во Македонија е значително помал и изнесува 1,70 минути.

Што се однесува
пак до сообраќајот во сопствена мобилна мрежа тој изнесува 3,21
минути, а сообраќајот кон други мобилни мрежи во земјава изнесува 3,14
минути
, и 0,18 минути кон мрежи во странски држави.

– 
Споредено со 2023 година може
да се забележи намалување на волуменот сообраќај кон сите дестинации– се нагласува во извештајот.

Во извештајот на
АЕК е посочено дека пристап до јавна телефонска мрежа
на фиксна локација бројот на фиксни линии (сите технологии) во 2024 година е
зголемен за 1,96 отсто во споредба со 2023 година.

– 
Бројот на PSTN линиите во однос
на 2023 година се намалени за 27,88 отсто. Бројот на (VoIP) линии преку бакарна мрежа
се намалил за 7,48 проценти за периодот од една година. Бројот на линии преку безжични технологии во 2024
година изнесува 95.108, односно може да се забележи раст од 4,56отсто во однос на 2023 година. Голем дел од
кабелските оператори ја изнајмуваат својата мрежа на нотифицираните оператори
кои се активни на пазарот на фиксна телефонија и ја обезбедуваат услугата на
пристап до јавна телефонска мрежа на фиксна локација– се посочува во извештајот на АЕК.

Меѓу другото е
посочено дека во 2024 година бројот на линии преку
оптичка мрежа (FTTH) изнесува 130.344 и бележи раст од 17,34 отсто за период од една
година.

Што се однесува
пак до мобилните мрежи, како што открива АЕК има благ пад на бројот на
корисници.

– 
Се
согледува процентуален пад од 0,04 отсто на бројот
на активни претплатници во мобилната телефонија во 2024 во однос на претходната
година. Бројот на резиденцијалните пост-пејд претплатници бележат
раст од 3,38 проценти во однос на 2023 година, деловните бележат пад од 0,14 проценти во
истиот период– се наведува во извештајот на АЕК.

П.О.

Фото: Unsplash

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗЕЛС формира кризен противпожарен штаб пред летната сезона

19/05/2026
Македонија

Светот се бори за бакар, Македонија има рудник што може

19/05/2026
Македонија

Тошковски: Жртвата мора да биде во центарот на полициското постапување

19/05/2026
Македонија

Во судот презентирани електронски докази за „Онкологија 2“ – продолжува

19/05/2026
Македонија

Апел од здравството: Органодарителството како чин на највисока човечност

19/05/2026
Македонија

Министерот за правда реагира: Правосудниот испит не смее да се

19/05/2026
Македонија

Внук си го истепал својот 85-годишен дедо во Куманово, полицијата

19/05/2026
Македонија

16-годишник од кочанско се заканувал со пиштол на 18-годишник по

19/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43352
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗЕЛС формира кризен противпожарен штаб пред летната сезона

19/05/2026

Подобра координација меѓу општините при справување со пожари и можностите за формирање локални енергетски претпријатија биле меѓу главните теми на

Светот се бори за бакар, Македонија има рудник што може да го крене БДП

19/05/2026

Падот на индустриското производство и намалувањето на бројот на рудари отвораат сериозно прашање за иднината на македонската економија. Во услови

Тошковски: Жртвата мора да биде во центарот на полициското постапување

19/05/2026

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ги посети полициските службеници кои учествуваат во обука спроведена од Центарот за обука

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy