Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонците од Германија ќе стипендираат студенти, формирана фондацијата за култура и наука „Вечна“
Македонија

Македонците од Германија ќе стипендираат студенти, формирана фондацијата за култура и наука „Вечна“

16/05/2025

AA

Стипендирање на историчари, културни работници и истражувачи, вчеравечер во Скопје најави новата Глобална македонска фондација „Вечна“. Основачи на фондацијата се тетовското семејство Крстески кое со децении живее и работи во Германија, а кое со група на истакнати Македонци тука и во светот, универзитетски професори, лекари, доктори на науки, ќе ја помагаат мисијата на фондацијата за промовирање на културата и науката.

Водени од намерата за унапредување и заштита на културното наследство, промовирање на историската вистина и усовршувањето на нови стручни кадри од областа на историјата, фондацијата има формирано три фондови преку кои ќе се финансираат магистранди и докторанди, како и различни културни иницијативи. Во пополнувањето на фондовите може да се приклучи секој заинтересиран, преку соодветна донација.

На промоцијата се обратија доц. д-р Бранислав Светозаревиќ, историчар, проф. д-р Љубомир Кекеновски, професор од Економскиот факултет на УКИМ, д-р Мимоза Рајл, професорка и советничка на претседателот на Владата, основачот Ацо Крстески, претседателот Мирчо Крстески и извршниот директор м-р Марко Видачек кој беше модератор на настанот.

Оваа фондација во својот назив го носи и македонското и глобалното, затоа што

културата нема граници, а македонското е онаму каде што се неговите говорници, но и неговите спомени и сеќавања. Фондацијата ја основаме под слоганот „Корени и иднина“, со намера да го зачуваме и афирмираме исконското помеѓу нас, традицијата, културата, јазикот, идентитет. За да го заштитиме нашето наследство, мора да инвестираме во иднината, беше порачано на промоцијата.

Фондацијата за остварувањето на својата благородна идеја за поддршка на младите истражувачи и културните работници, но и воопшто за намерата за унапредено културно наследство, ги има отворено следните фондови за донирање: Првиот фонд се однесува на поддршка на визијата на нашата фондација. Вашата донација помага да се одржи Фондацијата и нејзините долгорочни иницијативи. Со вашата поддршка, можеме да продолжиме да го промовираме македонското наследство, да финансираме клучни проекти и да го прошириме нашето глобално влијание. Вториот фонд е фонд за млади истражувачи од повеќе области, каде целта е поставена на 15.000 евра. Третиот фонд пак, е истражувачки фонд за историски истражувања. На веб стртаницата на Фондацијата www.gmfe.org лесно достапни се начините за донирање, беше порачано на промоцијата.

Како што беше наведено, социјалната и економската компонента не може да ги изолираме од општествените и човекови односи. Подобрата економска состојба го условува и развојот на културата, туризмот, поддршката на младите истражувачи.

Фондацијата има формирано и програмски совет во кој влегуваат истакнати Македонци низ светот: проф. д-р Сања Лазарова Молнар (Германија), д-р Владимир Попоски (Шпанија), д-р Предраг Николовски (Италија), како проф. д-р Ленина Жила и проф. Перо Сарџоски како резидентни членови.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy