Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МАКЕДОНЦИТЕ „ЛЕБАРИ“ ПЛАТИЛЕ 9,3 МИЛИОНИ ЕВРА, АМА ЈАДЕЛЕ ЗДРАВО И МОДЕРНО – како најголемиот производител на леб го зголеми профитот за 44 отсто
Економија

МАКЕДОНЦИТЕ „ЛЕБАРИ“ ПЛАТИЛЕ 9,3 МИЛИОНИ ЕВРА, АМА ЈАДЕЛЕ ЗДРАВО И МОДЕРНО – како најголемиот производител на леб го зголеми профитот за 44 отсто

06/08/2024

AA

Производот е можеби основен, ама подобрувањето на квалитетот и добриот
маркетинг покажаа дека луѓето сакаат новини и дека креативноста знаат да ја
вреднуваат. Некој модерен тим во компанијата „Жито Лукс“ кој макотрпно работел
на промените, има зошто да прослави, откако овој најголем производител на леб во
земјава ги објави бројките за пртвото полугодие од годинава.

„Жито Лукс“ првите шест месеци од годинава ги заврши не само со одличен
профит, туку и со одличен раст. Имено, нето добивката за периодот од јануари
заклучно со јуни изнесува над 243 илјади евра, а нејзиниот раст е дури 44
проценти во однос на истиот период од минатата година.

Од компанијата, во своето образложение што го даваат до берзата,
обнјаснуваат многу прецизно на што се должи нивниот успех.

„Првото
полугодие од 2024 година помина во знакот на лансирање на новиот визуелен
идентитет на брендот, долгоподготвуван проект чија цел беше модернизација на
брендот со цел приближување кон помладите генерации купувачи. Со проектот беше
опфатена промена на логото на брендот како и освежување на сите пакувања од
категориите производи: леб, брашно и колачи. Новиот визуелен идентитет како и
главната порака на кампањата ‘Денес
е денот’ беа
комуницирани со јавноста преку сите масовни медиуми, ТВ, билборди, радио и дигитални медиуми.
Промената во изгледот на брендот беше позитивно прифатена од потрошувачите, при
што се одрази и на резултатите од работењето на компанија“, велат од „Жито Лукс“.

Остварената добивка пред оданочување од 244 илјади евра во првата половина од
2024 година, е подобрување за над 73 илјади евра во
однос на првото полугодие од минатата година. Оперативната добивка е зголемена
за 89 и
пол илјади евра. 

„Бруто
добивката е зголемена за 634 илјади евра, при што се
реализираше бруто маржа од 35 отсто“,
потенцираат од компанијата.

Додаваат дека вкупните приходи од продажба се зголемени за 3 отсто во споредба со првото полугодие од
минатата година. Причина зошто нема уште
поголем раст на приходите, а на толку зголемена продажба, се пониските цени на
производите.

Компанијата многу повеќе и многу поуспешно работела на домашниот пазар,
отколку на странските пазари. 
Па така, во првите шест месеци од годинава „Жито Лукс“ им продаде на
Македоците леб, брашно и колачи за одлична сума од 9,3 милиони евра. Во однос
на истиот период лани тоа како вредност е зголемување за 4 проценти, иако
самата продажба пораснала многу повеќе. 
 

„Компанијата
бележи 17 отсто
пораст на обемот на продажба во земјата, кој произлегува од примарните
категории производи (леб 20 отсто
и брашно
9 отсто), но поради
пониските цени, вредносниот ефектот изнесува 4 проценти“, објаснуваат од Жито Лукс“.

Останатите оперативни
приходи, пак, во
износ од 94,3 илјади евра и се
зголемени за 8 отсто во
споредба со истиот период минатата година.

А, за разлика од приходите кои растат, трошоците на продадени
производи се намалени за 5,5 отсто
споредбено со првото полугодие минатата година, што е позитивен момент за профитабилноста на една
компанија.

Ако се намалиле цените на основната суровина и енергенсите, оние трошоци
што се зголемени се повисоките цени на останатите суровини, но и трошоците за
пакување, а добрата вест е што се зголемиле платите на работниците, иако се тие
трошок на претпријатието.

Имено, за плати и други надоместоци на своите вработени од Жито Лукс
издвоиле дури 2,02 милиони евра, што е зголемување за 16 отсто во однос на
истиот период од минатата година.

„Главниот ефект врз намалувањето на трошоците
потекнува од основната суровина и енергенсите, кој се пребива со повисоките
трошоци за останати суровини и материјали за пакување, како и повисоки трошоци
за работна сила. Останатите оперативни трошоци се повисоки за 23 отсто и главно произлегуваат од зголемување
на платите на вработените, трошоците за рекламирање и трошоците за дистрибуција
поврзани со поголемиот обем на продажба“, потенцираат од ова акционерско друштво.

Компанијата, како што велат оттаму, продолжува да
инвестира во модернизација на производствениот процес, согласносно планот за
капитални инвестиции за 2024 година. Кредитните задолжувања од деловните банки
достигнаа ниво од 7,1 милиони евра, како
резултат на новиот инвестициски заем поврзан со тековните капитални расходи.

Од Жито Лукс најавуваат дека во втората половина од годината
во фокусот е проширување на производното портфолио преку лансирање на нови,
иновативни производи кои ќе ги задоволат очекувањата и потребите на поголем број
потрошувачи.

„Новитетите
ќе бидат поддржани со соодветна промоција насочена кон пошироката јавност,
користејќи ги медиумите со најголем ефект – дигиталните медиуми и ТВ.
Компанијата ги продолжува напорите за модернизација на производните линии и
зајакнување на капацитетите со цел поддршка на растечките деловни активности и
остварување на проектираните резултати, потенцираат од компанијата која е најголем производител на леб на земјава.

Фото: Unsplash

Н.Н.Ф. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy