
Македон Димитровски: Знаев дека ќе освојам злато на Светското првенство по математика
Математичкиот гениј од Тетово, 9-годишниот Македон Димитровски, освои златен медал на светското првенство „Математика без граници“, кое се одржа онлајн во Скопје, а го организира Асоцијацијата на математичари од Несебар, Бугарија.
Младиот математичар за СДК.МК вели дека имал добар мотив да победи, откако родителите му ветиле дека ако освои злато, ќе ја добие долгo посакуваната видеоигра, со која ќе може да ги истражува планетите.
„Знаев дека ќе освојам злато, и му го кажав тоа на татко ми веднаш откако излегов од училиштето ‘Тихомир Милошевски’, каде што се одржуваше онлајн натпреварот. Таму бевме околу 30 деца од Македонија. Јас освоив златен медал во мојата, трета категорија во есенскиот дел од првенството, во која имаше 4.000 деца од целиот свет. Многу сум среќен што си го исполнив сонот и горд сум“, изјави Македон Димитровски.
Целото интервју ТУКА!
