Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „МАГНА“ ГРАДИ ФАБРИКА ВО ШТИП: Ќе има над 600 вработувања и плати над државниот просек
Економија

„МАГНА“ ГРАДИ ФАБРИКА ВО ШТИП: Ќе има над 600 вработувања и плати над државниот просек

11/05/2023

AA

Канадска „Магна“ почнува со изградба на фабрика во Штип. Фабриката произведува интегрирани системи од механички и електронски компоненти и е една од групациите на канадската компанија „Магна Интернационал“.

Премиерот Димитар Ковачевски и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски во технолошко-индустриската развојна зона Штип се обратија на означувањето на почетокот на градежните работи на нова фабрика, која е инвестиција на „Магна Мехатроникс“. 

„Магна Интернационал“ е една од најреномираните светски компании, која е специјализирана да дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти кои се испорачуваат на сите позначајни производители на автомобили во светот. Се работи за проширување на опсегот на работа на компанијата со нов инвестициски проект, покрај фабриката на компанијата во ТИРЗ Струга“, информираат во Владата.

Ковачевски изјави дека ова е јасен сигнал дека Македонија нуди поволен и предвидлив деловен амбиент за нови инвестиции.

„Технолошко-индустриските развојни зони се моторот на нашата економија, а компаниите како „Магна Мехатроникс“ се компании кои го зголемуваат не само бројот на работни места во државата, не само БДП, туку и меѓународното реноме на нашата држава“, рече Ковачевски.

Тој ги спомена и последните значајни инвестиции меѓу кои се оние на „Герејсхајмер“ и „Јагео“.

„Ова е пример и вистински модел на соработка на одговорни политичари и институции преку кои покажуваме дека може да испорачаме конкретни резултати за граѓаните“, рече Деспотовски. 

Тој кажа дека со оваа инвестиција се обезбедува пристоен живот за најмалку б00 граѓани од овој регион. Тие ќе примаат плати 20 отсто над државниот просек.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Хоџа: Продолжува партнерството со Светска банка за системска борба против аерозагадувањето

16/02/2026
Македонија

ПОПЛАВЕНИ СЕ 500 ОБЈЕКТИ ВО ФОРИНО Куќите биле изградени на

16/02/2026
Македонија

„На маса не нè слушаат, па затоа ќе нè слушаат

16/02/2026
Македонија

Девојка насилно внесена во возило кај Бит Пазар и истепана

16/02/2026
Македонија

БИТОЛСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ НА ПОМОШ ВО КИЧЕВО: Испратени екипи и опрема

16/02/2026
Македонија

КРИТИЧНО НИЗ ПОЛОГ: Поплавени куќи, падна потпорен ѕид врз куќа,

16/02/2026
Македонија

ПАДНА ПОТПОРЕН ЅИД ВРЗ КУЌА ВО ТЕТОВО, ЗАГРОЗЕНИ ОБЈЕКТИ НА

16/02/2026
Македонија

Скопјанец ги нападнал мајка му и сопругата, користел и остар

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41526
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Хоџа: Продолжува партнерството со Светска банка за системска борба против аерозагадувањето

16/02/2026

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари работна средба со претставници на Светската банка, предводени од г-ѓа

ПОПЛАВЕНИ СЕ 500 ОБЈЕКТИ ВО ФОРИНО Куќите биле изградени на помалку од 1 метар од

16/02/2026

Волонтерските тимови на Црвениот крст се на терен во селото Форино, каде по извршената проценка е утврдено дека најкритична точка

„На маса не нè слушаат, па затоа ќе нè слушаат од улица“: ССМ утре ја

16/02/2026

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) утре во 11 часот ќе ги блокира сите влезови на Владата. Ова е последната

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy