Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МАЕИ упати повик до Македонците: Слободно и гордо пријавете ја вашата македонска националност
Македонија

МАЕИ упати повик до Македонците: Слободно и гордо пријавете ја вашата македонска националност

17/09/2023

AA

Пред утрешниот почеток на пописот на населението и домаќинствата во Албанија, единствената македонска партија во земјата, Македонска алијанса за ервропска интеграција, МАЕИ, ги повика Македонците да ја поддржат оваа значајна статистичка операција и слободно да се изјаснат за етничката и верска припадност и јазик.

-Ова е многу важен процес за македонската заедница во Албанија, бидејќи во него ќе се декларира и етничката припадност на секој поединец. Иако ова прашање е оставено како „изјаснување по избор” МАЕИ љубезно ги повикува сите Македонци да се изјаснат за својата етничка припадност одговарајќи на прашањето „со каков етнички идентитет се идентификувате“, да напишат: „Македонец/Македонка“, стои во повикот.

Порачува „слободно и гордо пријавете ја вашата македонска националност и погрижете се попишувачот правилно да ја напиши на таблетот, како што вие ја изјавувате”.

Проверете и уверете се дека одговорот на прашањето за етничка припадност, кој попишувачот го пополнува, е правилно внесен на таблетот (електронскиот уред) со кој попишува, според тоа што сте го пријавиле.

-Со декларирањето на пописот како Македонци придонесувате за видливост и препознатливост на нашата заедница во Албанија. Силата на нашиот идентитет лежи во нашето единство и нашата подготвеност да застанеме и да бидеме бројни. Ова е суштински чекор кон обезбедување на нашите права и зачувување на нашето културно наследство. Колку повеќе членови на нашата заедница гордо се идентификуваат како Македонци на пописот, толку повеќе права и заштита можеме да имаме според Законот за заштита на малцинствата во Република Албанија, стои во повикот.

Се наведува дека врз основа на Законот „За заштита на националните малцинства во Република Албанија“, од 2017 година, правата на малцинствата како што се правото на образование на мајчин јазик, употребата на мајчиниот јазик во локалните институции, употребата на мајчиниот јазик на патната сигнализација, застапеноста во јавните институции и слично се поврзани со нивниот број, затоа е “многу важно да се изјасните за вашата македонска припадност за да ги уживате правата што ви припаѓаат според Уставот на Република Албанија, Рамковната Конвенција на Совет на Европа за заштита на националните малцинства, ратификувана од Албанија и меѓународните договори од областа на човековите права во кои е членка Република Албанија”.

-Сакаме да нагласиме дека изјаснувањето на вашиот македонски идентитет на пописот не е само законско право, туку моќен израз на вашето културно наследство. Испраќа јасна порака до општеството во целина дека македонската заедница во Албанија е енергична, горда и заслужува почит и признание што доаѓа со неа, се нагласува во повикот.

Разбираме, се посочува, дека некои сè уште имаат загриженост од различните притисоци што може да дојдат, но ве уверуваме дека вашето учество на пописот е доверливо и вашите податоци ќе бидат заштитени со закон. Информациите што ќе ги дадете ќе бидат доверливи и ќе се користат само за статистички цели и заштита на правата на македонската заедница.

– Го покануваме секој член на македонската заедница во Албанија да ја прифати оваа можност да се изјасни како Македонец на пописот. Вашиот мајчин јазик е македонскиот јазик, независно од Вашата вера православни, католици, муслимани или друго. Вашиот придонес не само што ќе ја зајакне нашата заедница, туку и ќе го подобри нашиот статус и влијание во албанското општество. Заедно, можеме да изградиме посветла и поинклузивна иднина за сите Македонци во Албанија, стои на крајот од повикот на МАЕИ до Македонците во Албанија пред почетокот на пописот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy