
Мајорка ја прекина серијата без пораз на Селта – го освои целиот плен во Виго! (ВИДЕО)
Селта во овој меч влезе со серија од седум натпревари без пораз, па тешко кој можеше да претпостави дека тој ќе се случи токму вечерва.
Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во 21. минута кога Ндиаје погоди за водство на Мајорка од 1-0 кое на крајот се покажа и како конечен резултат.
