
Мајнц се „прошета“ низ Менхенгладбах и ја расплака Борусија
Гостите го постигнаа единствениот гол во првото полувреме преку Небел во 39. минута, по што во вториот дел ги презема работите во свои раце и набрзо преку Кор зголеми на 2-0.
Лаинер ја врати надежта кај Борусија со погодокот во 73. минута за 1-2, меѓутоа Амири потоа стрелаше за конечни 3-1.
Мајнц има 44 бодови на третата позиција, додека Борусија остана на осмото место со 37 поени.

