
Мајнц го збриша Менхенгладбах за да остане во трката за Европа
Мајнц дојде до деветтата сезонска победа и остана во трката за место во Европа, откако го запиша четвртиот триумф во последните пет меча, а до него стигна откако Јае-Сунг Ли ја најави победата во 25-та минута, а Маркус Ингвартсен во 49-та, Лудовик Ажорке во 72-та и Вајпер Нилсон во 90+4-та минута погодија уште трипати во вториот дел
За Менхенгладбах ова беше деветти пораз и остана на 29 бода на деветото место, сега три зад Мајнц кој има 32, а шестиот Ајнтрахт им бега шест бода со меч помалку.