Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мајката на загинатата Моника Спасова со апел од Кочани: „Клекнувам на колена – помогнете ми да ја одбранам смртта на мојот ангел!“
Македонија

Мајката на загинатата Моника Спасова со апел од Кочани: „Клекнувам на колена – помогнете ми да ја одбранам смртта на мојот ангел!“

15/06/2025

AA

Со потресен јавен апел, Верица Трифунова – мајка на трагично загинатата Моника Спасова – повика на вклучување на Коалицијата за правично судење и и други невладини организации во борбата за, како што вели, правдата за нејзината ќерка и другите 62 загинати лица, кои не починале од болест, туку биле „убиени од корупцијата и криминалот“.

Во нејзиниот апел, мајката директно ги повикува професорката Биљана Ивановска, професорот Злате Димовски и поранешната антикорупционерка Слаѓана Тасева да бидат дел од мониторинг-служба која ќе го надгледува целиот процес – од обвинителни акти до донесување на судски пресуди.

„Професорке Биљана Ивановска и професоре Злате Димовски, еве јавно ве повикувам и од дното на душата ве молам да се вклучите во борба за правда на мојот убиен и пеплосан ангел Моника Спасова. Ве барам и на колена ви клекнувам за да ве замолам да бидете мониторинг служба и да надгледувате и следете сѐ што сѐ случува во обвинителните акти и пишувањето на пресудите, мојот ангел Моника Спасова не почина од болест, ја убија корупцијата и криминалот, таа ја имаше најголемата желба да се бори против тоа….

Но не сакаше да биде дел од таа криминална и коруптивна банда (мафија), и ете тие и го одзедоа невиниот нејзин живот, а нејзината ќеркичка доживотно ја осудија да расте без мајчинска љубов. Исто така почитувана Слаѓана Тасева, доколку сте во можност, ве повикувам и ве молам од дното на душава и вие да бидете вклучени во мониторинг служба над сите инволвирани, за да ми помогнете да ја одбранам смртта на мојот убиен анге. Таа никогаш не беше продадена душа, затоа сакам чесно и достоинствено да ја одбранам нејзината смрт, вистинските убијци да се изведат пред лицето на правдата….

Моника мојот ангел сега е кај Бога, во рајот и заедно со него мислам дека се борат против злото и убијците на земниот живот, и не знам дали тие убијци не се плашат од судот Божји, и кога ќе дојде денот да се соочат со тој суд и со ангелите што ги убија. Моника е жива во мене и јас додека дишам ќе се борам за правда на мојот убиен ангел. Европска Унија барам финансиски да се вклучите и да бидете дел од мониторингот“, рече Верица Трифунова.

Таа најави дека нема да застане со својата борба сè додека не ги види, како што рече, „вистинските убијци“ изведени пред лицето на правдата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy