
МАЈКАТА НА ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Полицијата ми ја уништи куќата, ископа и уништи сè
Мајката на еден од осомничените за убиството на Данка Илиќ од Бор ја нападнала полицијата.
Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан и покојниот Далибор Драгијевиќ, осомничени дека заедно со нивниот татко Раде учествувале во убиството на малата Данка, односно во криењето на нејзиното тело, се пожалила на новинарката на Информер дека полицијата ја уништила нејзината куќата и го ископала дворот за време на претресот.
„Денеска бев на гробишта, подготвив сѐ за погребот на мојот син Далибор во четврток. Купив сандак и цвеќиња и сѐ што е потребно… Во хаос сум, пак ќе дојде брза помош“, се пожалила таа на репортерката на Информер, Весна Јовиќ.
Светлана конкретно се пожалила на полицијата, тврдејќи дека ѝ ја „уништиле куќата“.
„Полицијата ми ја уништи куќата, ископа и уништи сè, ми земаа работи од куќата, не ми се верува што ми се случува. Не се чувствувам добро, очекувам да ми дојде адвокатот“, изјави Светлана.
Жената кажа дека не го знае семејството на Данка Илиќ. Девојчето исчезна на 26 март. Потоа српската полиција уапси две лица, а тие признаа дека со возило ја удриле Данка, потоа едниот од нив ја задавил и телото го фрлиле на депонија. Но, потоа телото го преместувале и засега не е најдено.

